Десово
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Десово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Десово | |
Поглед на Десово | |
Координати 41°27′47″N 21°29′22″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 1.108 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20030 |
Надм. вис. | 680 м |
Десово на општинската карта Атарот на Десово во рамките на општината | |
Десово на Ризницата |
Десово се наоѓа во североисточниот дел на Прилепското Поле, на југозападните огранки на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 680 м. Од Прилеп е оддалечено 21 км. Неговиот селски атар зафаќа површина од 24,4 км2.[2]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар, на обработливо земјиште отпаѓаат 1.115,5 ха, пасиштата зафаќаат површина од 1.078,8 ха, а шумите површина од 121,4 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Десово е село со 102 домаќинства и 240 жители муслимани, 130 Македонци и 40 Роми.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Десово имало 40 жители Македонци христијани, 625 Албанци и 75 Роми.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 495 Албанци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Десово се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 128 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци, 400 Албанци и 50 други жители.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Десово живеат 1.026 жители, од кои 566 Бошњаци, 290 Албанци, 145 Македонци, 20 Турци, 3 Срби и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.108 жители, од кои 76 Македонци, Македонци, 347 Албанци, 8 Турци, 603 Бошњаци и 74 лица без податоци.[10]
Во продолжение е направен табеларен преглед на националниот состав на населението низ сите пописни години:[11]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.551 |
1953 | 423 | 79 | 952 | — | — | 3 | ... | 170 | — | 1.627 |
1961 | 706 | 1 | 957 | ... | ... | 35 | ... | 41 | — | 1.740 |
1971 | 623 | 2 | 439 | — | ... | — | ... | 417 | — | 1.481 |
1981 | 323 | 34 | 174 | — | — | 2 | ... | 784 | — | 1.317 |
1991 | 176 | 141 | 63 | — | — | — | — | 695 | — | 1.075 |
1994 | 153 | 228 | 91 | — | — | 1 | — | 607 | — | 1.080 |
2002 | 145 | 290 | 20 | — | — | 3 | 566 | 2 | — | 1.026 |
2021 | 76 | 347 | 8 | — | — | — | 603 | — | 74 | 1.108 |
Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Ајдиновци, Цаловци, Мечовци (и некои други). Доселени се од северна Албанија во втората половина на 18. век.[12]
Албански родови во селото се: Гач (18 куќи), Мечовци (12 куќи), Џаковци (7 куќи), Гоговци (5 куќи), Ајдиновци (3 куќи), Гулевци (1 куќа), Теновци (17 куќи), Барјактаровци (13 куќи), Еминовци (10 куќи), Тавчевци (10 куќи), Иковци (8 куќи), Фератовци (8 куќи), Садиковци (7 куќи), Кадриовци (3 куќи), Шабановци (3 куќи), Бајрамовци (3 куќи), Реџовци (3 куќи), Черговци (5 куќи), Алемовци (4 куќи), Шупевци (4 куќи), Дац (3 куќи), Реберовци (6 куќи), Џингаловци (5 куќи), Оџовци (4 куќи), Беловас (3 куќи), Киковци (2 куќи), Имер Муса (3 куќи), Полико (1 куќа), Мурат-Ќаја (1 куќа), Ајровци (3 куќи), Демирзан (3 куќи), Тетовци (3 куќи) и Вели-Кичевас (3 куќи). Првите шест рода потекнуваат од ист предок, сите овие родови се доселени од разни места во Северна Албанија, кои дошле во Десово преку Тетово, Кичево и Дебар.[13]
Македонски родови во селото се: Митковци (6 куќи) доселени се 1923 година од Ореов Дол, Велешко; Терзиовци (2 куќи) и Соколовци (2 куќи) доселени се од Габровник, велешко во 1925 година; Милошевци (3 куќи), Велевци (3 куќи), Долни Велевци (3 куќи) и Богоевци (3 куќи) доселени се од Габровник во 1924 и 1925 година; Тошевци (2 куќи) доселени се 1925 година од Дреновци; Ризовци (6 куќи), Стојановци (4 куќи) и Мијовци (3 куќи) и они се доселени од Габровник во три наврати 1924, 1926 и 1928 година; Думбазовци (3 куќи) доселени се 1924 и 1926 година од Мокрени, Велешко; Томевци (1 куќа) доселени се 1928 година од Галичник; Балаловци (3 куќи) доселени се 1928 година од Лактиње, Дебрца; Петковци (2 куќи) доселени се 1925 година од Сливово, Дебрца; Мицковци (1 куќа) доселени се 1933 година од Сливово, Дебрца; Игновци (1 куќа) доселени се 1928 година од Теово, Велешко; Андрејевци (1 куќа) доселени се од Годивје, Дебрца во 1936 година; Стојан (1 куќа) доселен од некое село во Порече 1954 година; Ромбевци (1 куќа) доселени се од Ореов Дол, Велешко во 1924 година; Слободан (1 куќа) доселен 1926 година од Крушје, Порече; Андон (1 куќа) доселен од Црешнево, Порече во 1954 година.[13]
Бошњачки родови во селото се: Бошњаци (2 куќи) доселени се 1955 година од Нови Пазар. После тоа доселен е поголем број на Бошњаци од Санџак.[13]
Во селото работи основното училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[14] Освен тоа, во селотом има и земјоделска задруга.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.
Во селото постои избирачкото место бр. 1459 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 883 гласачи.[16]
После Првата светска војна од албанското население 35 семејства се иселиле во Турција. Во 1954 и 1955 година уште 16 семејства се иселиле во Турција.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.