Дреновци

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Дреновциmap

Дреновци, се среќава и како Дреновче или Дреновец — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Дреновци
Thumb

Поглед на Дреновци

Thumb
Дреновци
Местоположба на Дреновци во Македонија
Дреновци на карта

Thumb

Координати 41°28′07″N 21°32′39″E
Регион Пелагониски
Општина Долнени
ОбластПрилепско Поле
Население235 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7504
Повик. бр.048
Шифра на КО20034
Надм. вис.770 м
Дреновци на општинската карта
Thumb

Атарот на Дреновци во рамките на општината
Дреновци на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на Дреновци од врвот Љута на Бабуна, над селото

Дреновци се наоѓа под јужните огранки на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Околни села се: Небрегово, Дупјачани и Десово. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 770 м. Неговиот атар зафаќа површина од 12,4 км2. Од Прилеп е оддалечено 22 км.[2]

Историја

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство

Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 580,1 ха, пасиштата заземаат површина од 306,1 ха, а на шуми отпаѓаат 36,2 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948833    
1953790−5.2%
1961761−3.7%
1971616−19.1%
1981376−39.0%
ГодинаНас.±%
1991261−30.6%
1994238−8.8%
2002231−2.9%
2021235+1.7%
Затвори

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновче е село со 62 домаќинства и 318 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дреновци имало 760 жители Македонци христијани.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 600 жители Македонци.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреновци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 97 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живеел 231 жител, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 235 жители, од кои 222 Македонци, 3 Албанци и 10 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 760 600 833 790 761 616 376 261 238 231 235
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Дреновци е македонско православно село, родовите во селото се доселени од некои разни места.

Родови во Дреновци се:

  • Доселеници: Чафкаровци (14 куќи), Пискуљевци (11 куќи), Шаторовци (8 куќи), Петковци (13 куќи) и Карчовци (6 куќи) доселени се од некое раселено село на планината Мукос. Во Чафкаровци го знаат следното родословие: Милан (жив на 80 г. во 1951 година) Никола-Мишко-Атанас-Петре-Марко кој се доселил, тоа било во ХVIII век; Дамјановци (8 куќи), Бакаловци (8 куќи), Јанкуловци (7 куќи) и Базерковци (5 куќи) доселени се однекаде; Грнчаровци (13 куќи) доселени се од местото Грнчаров Дол во атарот на селото Дреновци; Шаламановци (4 куќи) доселени се од некое село во Дебарско; Филиповци (4 куќи) потекнуваат од домазет, кој дошол од некое место во околината на Белград во Албанија; Вецевци (8 куќи) доселени се од селото Крапа, Порече; Тилко (1 куќа) доселени се од селото Ропотово.[16]

Општествени останови

Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до петто одделение.[17] Освен тоа, во селотом има и земјоделска задруга.[2]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1460 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[19]

Културни знаменитости

Thumb
Дреновечкиот манастир
Археолошки наоѓалишта[16][20]
  • Градиште — населба од римско време;
  • Врба — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Горни Грамаѓе — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Долни Грамаѓе — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Мрамор — населба од доцноантичко време;
  • Перуника — неопределено наоѓалиште од непознат период.
Манастири[21]
Споменици
  • Споменик на НОБ.
Цркви[21]

Спорт

Во селото е активен фудбалскиот клуб Мукос, основан во 1976 година.[22]

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Прчковци иселени се во Горно Село. Ментевци иселени се во Забрчани. Тошевци иселени се во Десово. Бучковци иселени се во Дупјачани. Карловци иселени се во селото Луковица во скопско/Тетовско, од нив пет семејства по 1946 година се иселиле во тетовското село Брвеница. Други иселеници има во Прилеп и Скопје. Како и во местото Таково во Шумадија.[16]

Личности

Родени во Дреновци
  • Крсто Наумов (1805 - 1905) — македонски револуционер;
  • Харалампи Ганешов (? - 19907) — четник на ВМОРО убиен во месноста Бирира.[23]
Починале во Дреновци
  • Иван Андов (? - 1920) — македонски свештеник и револуционер.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.