Ропотово

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Ропотовоmap

Ропотовосело во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Ропотово
Thumb

Поглед на Ропотово

Thumb
Ропотово
Местоположба на Ропотово во Македонија
Ропотово на карта

Thumb

Координати 41°27′00″N 21°22′22″E
Регион Пелагониски
Општина Долнени
ОбластПрилепско Поле
Население516 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7537
Повик. бр.048
Шифра на КО20090
Надм. вис.610 м
Ропотово на општинската карта
Thumb

Атарот на Ропотово во рамките на општината
Ропотово на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Регионалниот пат низ селото

Ропотово се наоѓа во северозападниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 м. Низ селото поминуваат регионалните патишта R512 Ропотово-Кривогаштани-Демир Хисар и R513 Прилеп-Македонски Брод-Кичево. Од Прилеп е оддалечено 22 км. Атарот на селото зафаќа површина од 13,4 км2.[2]

Месностите во селскиот атар ги носат следниве имиња: Раскрсниче, Меѓупатишта, Попова Чука, Грамада, Заморек, Трајков Дол, Врба, Пепелиште, Чаир, Капина, Блато, Лажански Мост, Крс, Круши, Под Гумно, Сургуница, Пив, Зад Ливади, Меризи, Чуки, Реки, Бреслики, Голема Нива, Стар Рибник, Пајкарница, Падина, Голиње и Атановчица.[3]

Историја

Просторот на кој се наоѓа денешното село Ропотово отсекогаш бил населен, но животот на населението на овој простор постојано бил прекинуван. Остатоци од стари населби на мештаните се среќаваат на потезите Заморани, Грамада, Чука и Падина.[3]

Во XIX век во Ропотово постоеле два чифлика: околу 90% од земјата припаѓала на Амед Зоговци кои живееле во Албанија, а 10% на некои „Арапки“ на чијшто чифлик за ќаја бил поставен Садул Франго од Битола. Освен тоа, во селото постоел и Мехмед-зоговски ан којшто се наоѓал на местото наречено Кај Девите и бил во сопственост на Кавкалевци. Меѓутоа, во 1912 година ќајата се побунил, па едната половина од имотот им припаднал на Амед-Зоговци, а другата половина успеал да ја задрже. Во 1912 година, во селото имало 13 македонски куќи. Сите жители биле сопственици на чифлици и потекнувале од доселенички семејства. По отоманската власт, земјата била одземена од чифликсајбиите и им била поделена на доселениците. Главната поделба била извршена во 1924 година, а во периодот 1924-1927 година селото забележало забрзан раст. На земјата поделена со земјоделската реформа се населиле многу родови со потекло од Порече.[3][4]

Стопанство

Thumb
Панорама на селото

Селото има полјоделска функција. ВО селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 1.008 ха, додека на пасишта отпаѓаат 266 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948714    
1953850+19.0%
1961824−3.1%
1971822−0.2%
1981780−5.1%
ГодинаНас.±%
1991617−20.9%
1994597−3.2%
2002546−8.5%
2021516−5.5%
Затвори

Во пописните дефтери од 1467/68 година, во Ропотово имало 18 семејства, 2 неженети и 3 вдовици; во 1481/82 година имало 17 семејства и 2 вдовици; во 1544/45 година имало 17 семејства, 2 неженети и 4 вдовици; а во 1568/69 година имало 10 семејства, 12 неженети и 1 вдовица.[3]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ропотово било село со 27 домаќинства и 109 жители Македонци и 10 Роми.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ропотово имало 196 жители Македонци и 10 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 128 жители Македонци.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ропотово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 546 жители, од кои 545 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 516 жители, од кои 487 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин, 1 останат и 25 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 206 128 714 850 824 822 780 617 597 546 516
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Ропотово е македонско село.

Родови во селото се: Тренковци (12 куќи), Пацовци (4 куќи), Кафкаловци (3 куќи) и Нешковци (2 куќи) однекаде се доселени; Трипуновци (4 куќи) и Алексовци (3 куќи) доселени се од селото Слепче; Журевци (3 куќи) доселени се од Охридско; Наумовци (1 куќа) доселени се од Нерези, Велешко; Гостирашци (3 куќи) доселени се од Гостиражни; Ристевци (4 куќи) потекнуваат од домазет доселен од Порече; Трајковци (3 куќи), Дамјановци (2 куќи), Рујановци (2 куќи), Саздановци (2 куќи), Шарковци (2 куќи), Дурдевци (2 куќи), Поповци (1 куќа), Димитриевци (1 куќа) и Крстевци (1 куќа) доселени се од селото Крапа, Порече; Врсаковци (2 куќи), Ѓурчиновци (1 куќа) и Марковци (1 куќа) доселени се од селото Тополница, Порече; Митревци (3 куќи) доселени се од Манастирец, Порече; Мицковци (5 куќи) и Ивановци (3 куќи) доселени се од Калуѓерец, Порече; Трајковци (4 куќи), Стојковци (3 куќи), Спирковци (2 куќи), Радевци (2 куќи), Наумовци (2 куќи), Цветановци (2 куќи), Бимбиловци (1 куќа) и Коруновци (1 куќа) доселени се од селото Слатина, Порече; Синадиновци (1 куќа), Сиљановци (1 куќа), Стојчевци (1 куќа) и Јаневци (1 куќа) доселени се од селото Лупште, Порече; Бежовци (2 куќи), Михајловци (2 куќи), Симјановци (1 куќа), Димовци (1 куќа), Стојчевци (1 куќа), Велковци (1 куќа) и Кочовци (1 куќа) доселени се од селото Могилец, Порече; Тримчевци (1 куќа) и Илијевци (1 куќа) доселени се од Белица, Порече; Дамчевци (1 куќа) и Несторовци (1 куќа) доселени се од Крушје, Порече; Огњановци (2 куќи) доселени се од Грешница, Порече; Мојсовци (1 куќа) доселени се од Рамне, Порече; Маџовци (2 куќи) и Љубе (1 куќа) доселени се од селото Ковач, Порече; Дојчиновци (3 куќи) доселени се од Могилец, Порече; Велковци (1 куќа) доселени се од Македонски Брод; Барбаровци (1 куќа) доселени се од раселеното село Барбарос, Порече; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од Лазарополе, Мијачија; Тофиловци (1 куќа) доселени се од Гари, Мијачија; Кузмановци (1 куќа) доселени се од Селце, Мијачија. Сите родови кои се доселени од Порече (со исклучок на Ристевци) и од Мијачијата доселени се после заминување на Турците, т.е од 1912-13 натака. Другите родови живеат во селото уште од турско време.[16]

Општествени установи

Во селото работи основното училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во него има и амбуланта, пошта, дом на културата, подрачна општинска управа и услужни објекти.[2]

Самоуправа и политика

Thumb
Старото училиште во коешто е сместено избирачкото место

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дебреште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1488 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на старото училиште. Во ова избирачко место е опфатено селото Жабјани.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[19]

Културни знаменитости

Манастири
Споменици
  • Споменик на НОБ.
Цркви и параклиси[20]

Спорт

Во селото е сместен ФК Илинден.

Иселеништво

Од Ропотово било и иселување на населението. Се знае за следните иселеници: Мартиновци (2 к.) се иселени во Бело Поле. Николовци, Беличанци и Мартиновци се иселени во Прилеп. На родот Беличанци уште подалечно потекло е од селото Белица, Порече. Едно семејство од Алексовци се иселило во Жабјани. Три семејства од Кафкаловци се иселиле во Прилеп. Едно семејство од Тренковци се иселило во Дебреште.[4]

Личности

Жртви во војната 1941-1945[21]
  • Душан Цветаноски (1927 — 1944), во НОБ, кај Ивањевци
  • Вукашин Дојчиноски (1922 — 1945) во НОБ, кај Врпоље
  • Љубе Илиоски (1924 — 1944) во НОБ, кај Смиловци
  • Андон Иваноски (1921 — 1944) во НОБ, на Петрова Гора
  • Ѓорѓија Петрески (1925 — 1944) во НОБ, кај Шешково
  • Стојан Попоски (1925 — 1945) во НОБ, кај Ропотово
  • Станимир Илкоски (1912 — 1941) партизан.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.