Шумадија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шумадија

Шумадија (српски: Шумадија) — географска област во Србија. Го добила името по шумите, кои некогаш го прекривале најголемиот дел од нејзината територија. Најважен град во областа е Крагуевац, кој воедно е административен центар на Шумадискиот округ.

Кратки факти Шумадија Шумадија, Земја ...
Шумадија
Шумадија
област во Србија
Thumb
Шумадија означена на карта на Србија
Thumb
Поважни населени места во Шумадија
Земја Србија
Најголем градКрагуевац
Население
  Вкупно1,407,143
Затвори

Граници

Областа се наоѓа меѓу реките Сава и Дунав од север, Велика Морава од исток, Западна Морава од југ и реките Колубара, Љиг и Дичина од запад.[1] Според некои толкувања (на пр. географот Јован Цвииќ и етнологот Јован Ерделјановиќ[2]), северната граница на Шумадија се протега меѓу планините Авала и Космај. Според тоа гледање, Белград не припаѓа на Шумадија.

Историја

Среден век

Во раниот XI век, Шумадија била територија на словенските племиња Мерехани (Моравци). Во 844 г. Баварскиот Географ ги споменува како соседи на јужните Франки.[3] Живееле во долините на Велика Морава и сè уште не биле потчинети од бугарската држава сè до 845 г. кога почнува приклучувањето на словенско население кон бугарското општество.[3][4] Шумадија е сместена веднаш севевероисточно од Рашка, која била јадрената територија на Српското кнежевство. Тогашните српски кнезови како Часлав Клонимировиќ (в. 927–960) и Константин Бодин (в. 1081–1101) придодавале делови од Шумадија кон својата територија, за на крај целата област да потпадне под власта на големиот жупан Стефан Немања и династијата Немањиќи (1166–1371).

Османлиски период

Во XVIII век, шумите и ридовите на Шумадија биле прибежижте за ајдучките дружини кои се бореле против Османлиите. Во 1718 г. делови од Смедеревскиот санџак (цела Шумадија) биле ослободени од австриската војска, со што е основано вазалното Кралство Србија. По Руско-австриско-турската војна (1735–39) санџакот е возобновен. Во 1788 г. Слободниот корпус (Фрајкорите) под австриска команда ја ослободиле Шумадија и овозможиле понатамошно освојување на целиот санџак од страна на австриските сили, што довело до хабсбуршката окупација од 1788 до 1792 г. Во 1804 г. избило Првото српско востание и со тоа областа била ослободена и ставена под самостојна востаничка власт под водство на Караѓорѓе Петровиќ. Со Второто српско востание (1815) под водство на Милош Обреновиќ, османлиските војски се успешно одвратени, а во 1830 г. Србија стекнува целосна автономија и подоцна, независност на централна Србија.

Понова историја

Од 1922 до 1929 г. Шумадиската област била административна единица на Кралството Југославија со приближно исти граници како денешниот Шумадиски округ и со административен центар во Крагуевац.

Поважни населени места

Thumb
Селото Калениќ во Шумадија
Thumb
Сончогледови полиња во Шумадија
Thumb
Споменик на паднатите шумадинци во Крагуевац

Поголеми населени места во Шумадија се:

Помали населени места:

  • Книќ
  • Варварин
  • Топола
  • Лапово
  • Лиг
  • Гроцка
  • Белановица
  • Рача
  • Бараево
  • Сопот
  • Баточина
  • Рековац

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.