Remove ads
јазик From Wikipedia, the free encyclopedia
Гуџаратски јазик (ગુજરાતી gujarātī) — индоариски јазик — матичен и службен јазик на сојузната држава Гуџарат и териториите Даман и Диу и Дадра и Нагар Хавели во Индија. Припаѓа на поширокото индоевропско јазично семејство. Потекнува од старогуџаратскиот (1100–1500), кој е предок и на денешниот раџастански.
Гуџаратски | |
---|---|
ગુજરાતી гуџарати | |
Изговор | /ɡudʒ(ə)ˈɾat̪i/ |
Застапен во | Индија |
Подрачје | Гуџарат |
Народ | Гуџаратци |
Говорници | 66 милиони (2011)[1] |
Јазично семејство | |
Писмо | гуџаратска азбука (индиска) арапска азбука деванагари (во минатото) |
Статус | |
Службен во | Гуџарат (Индија)[3] Даман и Диу (Индија) Дадра и Нагар Хавели (Индија) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | gu |
ISO 639-2 | guj |
ISO 639-3 | guj |
Застапеност на гуџаратскиот како мајчин јазик во Индија |
Говорниците на гуџаратскиот сочинуваат 4,5% од светското население, со 54,6 милиони говорници во самата Индија[4] и 65,5 во светот. Заедно со ромскиот и синдскиот, спаѓа во најзападните јазици од групата. Гуџаратскиот е мајчин јазик на разни истакнати дејци како државотворците Махатма Ганди („Таткото на Индија“) и Валабај Пател („Железниот човек на Индија“), духовникот Дајананда Сарасвати, политичкиот деец Морарџи Десај, поетот Нарси Мехта, големостопанственикот Дирубај Амбани, воздухопловецот Џ.Р.Д. Тата и државникот Мухамед Али Џина („Таткото на Пакистан“).
Од вкупно 46 милиони говорници на гуџаратски во 1997 г., 45,5 милиони живееле во Индија, 150.000 во Уганда, 250.000 во Танзанија, 50.000 во Кенија и околу 100.000 во Карачи (Пакистан).[5] Во Мумбај, јазикот има 2,1 милиони говорници.
Гуџаратскиот е застапен со речиси милион говорници во Северна Америка, од кои 100.000 во Њујорк, САД и 75.000 во Торонто, Канада. Во Велика Британија има 200.000 говорници, од кои поголемиот дел се во Лондон, а остатокот во други градови. Меѓу нив има и источноафрикански Гуџаратци истерани од матичните земји поради политиката на африканизација (особено од Уганда, каде Иди Амин протерал 50.000 Азијци)[6][7]
Историјата на гуџаратскиот обично се дели на 3 фази:
Стандардниот облик на гуџаратскиот јазик е говорот од Вадодара до Ахмедабад на север.[10] Според Ethnologue, јазикот ги има следниве дијалекти:[5]
Гуџаратската азбука е азбучнослоговно писмо (абугида), слична на другите нагарски азбуки, но без карактеристичната надредна линија и мал број измени во другите букви. Јазикот може да се пишува и со арапаска и персиска азбука. Ова особено се практикува во округот Кач во Гуџарат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.