22 мај — 142-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (143-и во престапна година).
Остануваат 223 денови до крајот на годината.
Настани:
1819
| Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот.
|
1918
| Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
|
1947
| Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците.
|
1967
| Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел.
|
1972
| Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР.
|
1972
| Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
|
2004
| Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години.
|
2012
| Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот. |
Родени:
Починале:
Празници:
*
| Меѓународен ден на биолошката разновидност.
|
*
| Национален празник на Шри Ланка. |