Книжевна критика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Книжевна критика — проучување, оценка и толкување на литературата. Модерната книжевна критика честопати добива информации од книжевната теорија, што е филозофска дискусија за нејзините методи и цели. Иако двете активности се тесно поврзани, книжевните критичари не се и не биле секогаш теоретичари. Контроверзно прашање е дали книжевната критика треба да се смета за одделно поле на истражување од книжевната теорија, или од книжевната рецензија. На пример, Водич во литературната мисла и критика на Џонс Хопкинс не прави разлика меѓу книжевната теорија и литературната критика и скоро секогаш ги користи термините заедно за да опише ист концепт. Некои критичари сметаат дека книжевната критика е практична примена на книжевната теорија, бидејќи критиката секогаш директно се занимава со посебните книжевни дела, додека теоријата може да биде поопшта и апстрактна. Книжевната критика честопати се објавува во есеи или во форма на книга. Академските книжевни критичари предаваат на катедрите за книжевност и објавуваат во академски журнали, а попопуларните критичари ги објавуваат своите критики во периодични списанија со поголем тираж, како „Тајмс литерари саплемент“, „Њујорк тајмс бук ривју“, „Њујорк ривју оф букс“, „Лондон ривју оф букс“, „Нејшн“ и „Њујоркер“.