From Wikipedia, the free encyclopedia
Шри Ланка (синхалски: ශ්රී ලංකා, тамилски: இலங்கை), полн назив Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка (син. ශ්රී ලංකා ප්රජාතාන්ත්රික සමාජවාදී ජනරජය, там. இலங்கை ஜனநாயக சோசலிசக் குடியரசு) — островска држава која се наоѓа во Јужна Азија веднаш до Индискиот потконтинент. Островот има вкупна површина од 65.610 км2 и има 20.277.597 жители. Главен град е Коломбо, но државната управа е сместена во предградието Шри Џајаварденапура Коте, кое административно не припаѓа на самиот град.
Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Шри Ланка Мата“ (Мајко Шри Ланко) |
||||||
Главен град | Шри Џајаварденапура Коте[1][2] 6°54′N 79°54′E | |||||
Најголем град | Коломбо | |||||
Службен јазик | синхалски, тамилски | |||||
Лингва Франка | англиски | |||||
Народности (2001[3]) | ≈73,8% Синхалци,[3] ≈13,9% шриланк. Тамилци, ≈7,2% Маври, ≈4,6% индиски Тамилци ≈0,5% останати. |
|||||
Демоним | Шриланчани
(Шриланчанец/Шриланчанка) |
|||||
Уредување | Унитарна полупреседателска република | |||||
• | Претседател | Ранил Викремесинге | ||||
• | Премиер | непополнето | ||||
Основана | 543 п.н.е. | |||||
• | Независност од Обединетото Кралство | 4 февруари 1948 | ||||
• | Република | 22 мај 1972 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 65,610 км2 (122-ра) | ||||
• | Вода (%) | 4.4 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2012 | 20.277.597[4] | ||||
• | Густина | 319 жит/км2 (35-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $92.018 милиони [5] | ||||
• | По жител | $4,581[5] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $39.604 милиони [5] | ||||
• | По жител | $1.972[5] | ||||
Џиниев коеф. (1999–00) | 33.2 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.750[6] висок · 73та |
|||||
Валута | Шриланечка рупија (LKR ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+5:30) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .lk | |||||
Повик. бр. | 94 |
Според Уставот од 7 септември 1978 г., Шри Ланка е претседателса република во рамките на Комонвелтот. Право на глас имаат сите државјани над 18 години.
Претседателот се избира на општи избори на секои 6 години. Тој го именува претседателот на владата и министрите и претседава со седниците на Владата. Еднодомното Народно Собрание е составено од 225 пратеници, кои на секои 6 години се избираат според комбиниран систем: 196 пратеници според мнозинскиот систем,а 29 според пропорционалниот систем од партиските листи.
Шри Ланка е поделена на покраини (синхалски: පළාත, тамилски: மாகாணம்), воспоставени од британските власти на Цејлон во 1833 г. Во текот на следниот век, административната власт им припаднала на окрузите, а кон средината на XX век, покраините добиле чисто церемонијална улога. Оваа поставеност се сменила во 1987 г, со воведувањето на покраински совети како одговор на долгоочекуваната децентрализација согласно XIII Амандман на Уставот на Шри Ланка од 1978 г.[7][8] Денес постојат девет покраини.
Според пописот во земјата, спроведен во 2001 г. Северната и Источната покраина не биле наполно попишани од безбедносни причини, па затоа населението во нив е само проценето.[9]
Покраините се следниве
И покрај долгогодишната граѓанска војна, стопанството по осамостојувањето успешно се развивање. Социјалистики насоченото уредување на стопанството со преовладување на државниот сектор по 1977 г. е главно напуштено, но се постигнати големи успеси, на пр., висок степен на писменост, развиена здравствена заштита, поголемо учество на жените во стопанскиот и политичкиот живот и друго. Успешниот развој и либерализацијата на стопанството ги придружуваат и големите давачки за војската (околу 20% од буџетските средства), а несредените состојби ги одбиваат странските инвеститори и туристите. Основна стопанска гранка и натаму е земјоделството, иако учеството на индустријата е поголемо отколку повеќето други држави во развој.
Верници во Шри Ланка | ||||
---|---|---|---|---|
Будисти | 70,19 % | |||
Хиндуисти | 12,6 % | |||
Муслимани | 9,7 % | |||
Католици | 6,1 % | |||
Други христијани | 1,3 % | |||
Други | 0,8 % |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.