Мартиник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мартиник (француски: Martinique, француски изговор: [maʁtinik]) е француска прекуморска островска територија во источниот дел на Карипско Море, околу 450 км североисточно од брегот на Јужна Америка. Со копнена површина од 1128 km2|0 и вкупен број на население од 385,551 жител според пописот од јануари 2013.[4] Припаѓа на групата Приветрени Острови и се протега северно од Санта Луција, југоисточно од Големи Антили, северозападно од Барбадос, и јужно од Доминика. Како и другите прекуморски окрузи, Мартиник е еден од 18 прекуморски региони на Франција и интегрален дел на Француската Република. Како дел од Франција, Мартиник е дел Европската Унија и негова валута е еврото. службен јазик е францускиот но населението исто така зборува и на антилско-креолски јазик (мартиничко-креолски јазик).[5]
Мартиник | |||
---|---|---|---|
Земја | Франција | ||
Префектура | Фор де Франс | ||
Департмани | 1 | ||
Управа | |||
• Претседател на Извршен Совет | Алфред Мари-Жан[1] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.128 км2 (436 ми2) | ||
Население (јануари 2013)[2] | |||
• Вкупно | 385.551 | ||
• Густина | 340/км2 (890/ми2) | ||
Демоним | Мартиниканци, Мартиниканец (м.р) / Мартиникан ка (ж.р) | ||
Час. појас | ECT (UTC-04) | ||
ISO 3166 | MQ | ||
БДП (2012)[3] | Грешка во Lua: во земјата | ||
Вкупно | &100000000000008350000008,35 млј € | ||
По жител | &1000000000000002152700021,527 € | ||
NUTS | FRA | ||
Мреж. место | Prefecture, Territorial collectivity |