![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7c/Victor_Hugo.jpg/640px-Victor_Hugo.jpg&w=640&q=50)
Виктор Иго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виктор Иго (француски: Victor Hugo; Безансон, 26 февруари 1802 – Париз, 22 мај 1885 ) — француски писател, еден од предводниците на францускиот романтизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема фигура во француската книжевност во 19 век. Негови најпознати дела се Богородичната црква во Париз и Клетници. Како политичар, Иго бил голем борец против деспотизмот и тиранијата, а се залагал за укинување на смртната казна. Бил оженет за Адел Фуше, симпатија од неговото детство, со која имал пет деца.
Виктор Иго | |
---|---|
![]() | |
Роден/а | 26 февруари 1802(1802-02-26) Безансон, Франција |
Починат/а | 22 мај 1885(1885-05-22) (возр. 83) Париз, Франција |
Почивалиште | Пантеон, Париз |
Занимање | писател, поет, новинар |
Националност | Французин |
Жанр | роман, драма, поезија |
Книжевно движење | романтизам |
Значајни дела | |
Години на активност | 1829–1883 |
Потпис | ![]() |
Иако бил посветен ројалист како млад, неговиот светоглед се променил со текот на годините, па подоцна станал републиканец, што се одразило во неговото творештво. Иго живеел 20 години во прогон на островот Гернзи во Ламанш за време на владеењето на кралот Наполеон III. При враќањето во Париз бил свечено пречекан. Починал на 83 години во Париз, а погребан е на гробиштата Пантеон. Неговото дело ужива голема почит во неговата родна земја, а неговиот лик се наоѓал на француската банкнота од пет франци.