холандски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Том Димулен (холандски: Tom Dumoulin; р. 11 ноември 1990 во Мастрихт) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим ДСМ-Фирмених.[2][3]
Димулен на Трката околу Германија 2018 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Том Димулен | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Пеперутката од Мастрихт[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 11 ноември 1990 Мастрихт, Холандија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 71 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим ДСМ-Фирмених | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | Етапни трки | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2010 | ПаркХотел Родинг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2011 2012– | Рабобанк Континентал Тим Проект 1т4и | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 18 април 2019 |
Познат по неговите хронометарски вештини, Димулен напреднал во искачувањето брда и сега се смета како специјалист за брда. Со освојувањето на Џиро д’Италија 2017 станал прв Холанѓанец кој успеал во тоа, а подоцна во годината го освоил и Светското хронометарско првенство. Засновано на неодамнешните резултати на големите трки, Димулен се смета за фаворит на трките за генералниот пласман. На Тур де Франс 2016 освоил две етапи, завршувајќи втор зад Крис Фрум на завршниот поединечен хронометар. Потоа на Џиро д’Италија, го освоил изданието во 2017 година и завршил втор во 2018 година, единствен возач со разлика од една минута зад Фрум. Имал одличен настап на Тур де Франс 2018, уште еднаш завршувајќи втор и освојувајќи уште една етапна победа на поединечниот хронометар на Тур.
Димулен е роден во Мастрихт и израснал во самиот град, кој е домаќин за завршницата на Амстел Голд Рејс. Првично, негова цел било да студира медицина и да стане доктор, меѓутоа откако не влегол на медицинскиот факултет, се насочил на велосипедизмот.[4]
Првите резултати се појавиле во 2010 година, кога настапил на Гран при Португалија, дел од Светскиот куп за возачи под 23 години — Димулен го освоил воведниот хронометар и покрај тоа што никогаш не возел претходно хронометарски велосипед и ја освоил целата трка. Подоцна, истата година, ја освоил хронометарската етапа на Џиробио. Требало да вози за екипата Сервело ТестТим во 2011 година, меѓутоа екипата се распуштила на крајот на сезоната 2010.[4]
Откако возел за Рабобанк развојната екипа во 2011 година, Димулен станал професионалец со холандската екипа Џајант-Шимано во 2012 година. Иако не возел на ниту една трка во првите две години како професионален оставил свој белег на поголемите трки, особено на хронометрите. Го имал својот прв настап на некоја голема трка во 2012 година, возејќи на Вуелта а Еспања.
Во јуни 2014 година, Димулен го освоил националното хронометарско првенство. Во септември 2014 година стигнал до второто место на Гран при Квебек откако бил напред на последното искачување, но бил претекнат од Сајмон Геранс.[5] Подоцна истиот месец го освоил бронзениот медал на Светското хронометарско првенство, завршувајќи зад Бредли Вигинс и Тони Мартин во Понферада.
Ја започнал сезоната 2015 со освојување на четвртото место на Тур Даун Андер. Го остварил својот прв успех во сезоната со победа на завршниот поединечен хронометар на Трката околу Баскија.[6] Негова втора победа во годината дошла на Тур де Свис, каде го освоил прологот со две секунди предност пред Фабијан Канчелара.[7] Исто така, ја освоил завршната етапа на трката, хронометар долг 38,4 километри со просечна брзина од 47,407 км/ч.[8]
На Тур де Франс, Димулен бил еден од фаворитите за победа на воведниот хронометар на домашен терен во Утрехт, Холандија, но на крајот завршил четврти.[9] На третата етапа бил вклучен во масовен брз пад и морал да ја напушти трката.[10]
Димулен се опоравил од неговите повреди и возел на Вуелта а Еспања 2015. На втората етапа нападнал на последното искачување и создал група со Николас Роуш (Тим Скај) и Наиро Кинтана (Мовистар), но бил достигнат и претекнат од Естебан Чавес (Орика-ГринЕџ), кој ја освоил етапата пред Димулен за секунда.[11] На петтата етапа имало поделба во групата и Чавес изгубил шест секунди пред Димулен, кој го преземал водството на трката за една секунда.[12] Меѓутоа, Чавес ја освоил шестата етапа пред Димулен и повторно ја презел црвената маичка.[13] Деветтата етапа била завршница со искачување од прва категорија. Имало низа на напади во првиот дел на искачувањето и многумина возачи отпаднале од главната група. Димулен на крајот сам ја освоил етапата, две секунди пред Крис Фрум (Тим Скај) и ја зел назад црвената маичка откако Чавес изгубил значајно време. Фрум првично отпаднал, но со силно темпо стигнал близу победа на етапата пред Димулен да го претекне во последните стотина метри.[14] Откако Фрум паднал на единаесеттата етапа, Димулен ги ограничил неговите загуби на следните планински етапи, додека Фабио Ару (Астана) и Хоаким Родригес (Катјуша) го замениле на водството во трката. На седумнаесеттата етапа, Димулен го освоил поединечниот хронометар од 38,1 километар. Добил една минута и 53 секунди во однос на Ару за да ја земе црвената маичка за три секунди пред Италијанецот, додека Родригес сега имал една минута и 15 секунди на третото место во генералниот пласман по губењето над три минути во однос на Димулен на етапата.[15] Димулен го удвоил своето водство пред Ару со освојување три секунди на напад на последното искачување со калдрма на деветнаесеттата етапа,[16] меѓутоа ја загубил трката во однос на Ару на претпоследната етапа, последната планинска на Вуелта, каде Ару се оддалечил од Димулен на третото од четирите искачувања од прва категорија. Димулен загубил скоро четири минути во однос на Ару и паднал на шестото место во генералниот пласман.[17] Во декември 2015 година, го освоил Трофејот Герит Шулте, награда за најдобар холандски велосипедист на годината.[18]
Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[19] каде ја освоил воведната етапа.[20] На осмата етапа, Димулен го изгубил водството на рката откако завршил на 38. место и изгубил 1 минута и 10 секунди од Алехандро Валверде (Мовистар Тим) на ридестата етапа. Ја напуштил трката на единаесеттата етапа.[21]
Димулен возел и на Тур де Франс 2016. Ја освоил деветтата етапа откако нападнал од бегство во подножјето на завршното искачување, на кое се нашол сам во страшен порој.[22] Димулен ја освоил исто така и етапата 13, хронометар од 37,5 километри на ридест терен во ветровити услови со разлика од над една минута во однос на Крис Фрум на второто место.[23]
Екипата на Димулен објавила зимата дека ќе цели на Џиро д’Италија.[24] На деветтата етапа, Димулен завршил трет на завршницата на врвот на Блокхаус, завршувајќи заедно со Тибо Пино (ФДЖ), 24 секунди зад етапниот победник и новиот предводник на трката Наиро Кинтана (Мовистар Тим). Потоа, Димулен ја освоил десеттата етапа, поединечен хронометар во должина од 39,8 километри со време од 50 минути и 37 секунди со што го презел водството на трката за 2 минути и 23 секунди од Кинтана.[25] Димулен ја освоил четиринаесеттата етапа, која завршувала на нагорнина и го зголемил водството пред Кинтана за дополнителни 14 секунди.[26] На шеснаесеттата етапа, Димулен имал стомачни проблеми и морал да направи пауза; ниеден од другите фаворити не го чекал и завршил со повеќе од две минути зад етапниот победник Винченцо Нибали, но го задржал водството на трката за 31 секунди пред КИнтана. Димулен го одбранил водството до 19. етапа со планинската завршница, кога ја поминал целта со минута зад Кинтана, кој станал нов предводник на трката.[27] Кинтана ставил уште петнаесет секунди пред Димулен следниот ден на претпоследната етапа.[28] Меѓутоа, резултатот на Димулен на етапата 21, поединечен хронометар во должина од 29 километри на кој завршил втор, му го донело првото место во генералниот пласман, станувајќи прв холандски возач кој го освоил Џиро и прв кој освоил некоја голема трка од Јоп Зутемелк, кој победил на Тур де Франс 1980.[29][30]
Како последица на победата бил назначен за витез во Редот Оранје-Насау од кралот Вилем-Александар на Холандија и Лимбуржанец по заслуга.[31][32] Исто така добил почесен златен медал на Градот Мастрихт.[33]
За завршница на успешната сезона, во септември Димулен учествувал на Светското хронометарско првенство во Берген, Норвешка, негова прва поединечна титула во хронометар. Исто така учествувал во победата на екипата во дисциплината екипен хронометар.[34]
Димулен настапил на Џиро д’Италија 2018 како бранител на титулата и бил сметан за еден од фаворитите за победа, заедно со Крис Фрум (Тим Скај), кој ги освоил Тур де Франс 2017 и Вуелта а Еспања 2017 и целел кон победа за да дојде до сите три титули на големите трки истовремено. Димулен го освоил воведниот поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, поразувајќи го Роан Денис (BMC) за победа со разлика од 2 секунди и ја освоил водечката розова маичка трета година по ред.[35] Денис го презел водството на трката од Димулен на втората етапа, откако собрал бонус секунди на средниот спринт.[36] Димулен останал втор зад Денис до шестата етапа, кога Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) нападнал од групата на фаворити на 1,5 километри до врвот на Етна, преземајќи го водството на трката од Димулен за секунда. Јејтс ја освоил деветтата етапа забрзувајќи на 100 метри до целта, со што го зголемил водството пред Димулен.[37] Јејтс ја освоил етапата 11, напаѓајќи на 1,5 километри до целта и одолевајќи на потерата од Димулен, со што дополнително го зголемил водството.[38] На етапата 14, Јејтс го поминал Димулен и завршил втор зад победникот Крис Фрум (Скај) на Монте Ѕонколан. Со шест бонус секунди за второто место, Јејтс го зголемил водството пред Димулен на 1 минута и 24 секунди, додека неговата разлика со Фрум била 3 минути и 10 секунди.[39]
На следната етапа, Јејтс се одвоил од Димулен и другите фаворити за соло победа на петнаесеттата етапа, откако нападнал на 18 километри до целта. Оваа победа му донела зголемување на водството на 2 минути и 11 секунди пред Димулен.[40] На етапата 17, поединечен хронометар во должина од 34,2 километри, Димулен завршил трет зад Роан Денис и го намалил водството на Јејтс на 56 секунди, додека Фрум завршил четврт, 2 минути и 56 секунди зад Димулен.[41] На етапата 18, Јејтс имал проблеми на последното искачување и изгубил 28 секунди во однос на Димулен и Фрум.[42] Етапата 19 била прогласена за кралска етапа на трката со три искачувања во втората половина на етапата. Тука биле вклучени полуасфалтираното искачување на Коле деле Финестре, по што следело искачувањето до Сестриере и завршното искачување до Бардонекија. Јејтс имал проблеми на Финестре, ставајќи го Димулен во виртуелно водство, пред Фрум да отпочне напад на 80 километри до целта. Предноста на Фрум растела во текот на втората половина на етапата, откако Димулен бил зад него со група од Тибо Пино и Себастјен Рајхенбах од ФДЖ, Мигел Анхел Лопес од Астана и Ричард Карапас од Мовистар. На крајот, Фрум ја освоил етапата со повеќе од три минути со што го презел водството на трката, 40 секунди пред Димулен, кој бил нападнат од другите возачи на последното искачување откако држел темпо во поголемиот дел од потерата.[43] Во интервју по етапата, Димулен изјавил дека не можел ништо да направи за да го запре Фрум.[44] Димулен го нападнал неколкупати Фрум на дваесеттата етапа, но не можел да направи разлика и на крајот завршил втор зад Фрум.
По Џиро, Димулен го потврдил учеството на Тур де Франс 2018, целејќи кон висок пласман.[45] На шестата етапа, Димулен имал механички проблем кон крајот на етапата, со што изгубил време во однос на другите фаворити и бил казнет со 20 секунди поради возење зад автомобилот на екипата во обид да ги намали разликите во времето.[46][47] На единаесеттата етапа на Алпите, Димулен направил напад на спустот со колегата Серен Краг Андерсен пред да се притисне сам на завршното стрмно искачување. Зад него, Герајнт Томас (Скај) нападнал од групата на фаворити, вклучувајќи го колегата Крис Фрум, 6 километри пред целта и го стигнал Димулен пред да нападне повторно во последниот километар за да се оддалечи од Димулен, кој набрзо бил достигнат од Фрум. Томас, Димулен и Фрум го претекнале возачот од бегството Микел Ниеве (Мичелтон-Скот) пред самата линија на целта, при што Томас ја освоил етапата, Димулен завршил втор, 20 секунди зад него. Томас ја презел водечката жолта маичка со 1 минута и 24 секунди пред Фрум, а Димулен бил трет со 1 минута и 44 секунди зад Томас.[48]
Следниот ден, етапа 12, Димулен повторно завршил втор зад Томас, во спринт до врвот на Алп д’Иез. Томас, Димулен и Фрум биле гледани како фаворити за победа на Тур во Париз.[49] На седумнаесеттата етапа, прва од етапите во Пиринеите, Томас го зголемил своето водство откако завршил трет зад етапниот победник Наиро Кинтана. Фрум имал проблеми на искачувањето и паднал на трето место во генералниот пласман, 2:31 зад Томас. Димулен се искачил на второто место.[50] На планинската етапа 19, Примож Роглич нападнал на завршното искачување и стигнал сам до целта со деветнаесет секунди пред групата на фаворити. Томас ја зацврстил својата позиција во жолтата маичка со шест бонус секунди.[51] Претпоследната етапа била хронометар во должина од 31 километар, која Димулен ја освоил, со една секунда пред Фрум.[52] Димулен завршил втор на последната етапа зад Томас, негово второ место втора година по ред на големите трки.[53]
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | — | — | — | — | СО | 1 | 2 | |
Тур | — | 41 | 33 | СО | СО | — | 2 | |
Вуелта | СО | — | — | 6 | — | — | — | |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||
Етапна трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | — | — | — | СО | 12 | — | — | — |
Тирено-Адријатико | — | 34 | 102 | — | — | 6 | СО | 4 |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | — | — | |
Трка околу Баскија | — | — | 40 | 29 | — | — | — | |
Тур де Романди | — | 68 | — | — | 5 | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | — | — | — | |
Тур де Свис | — | 58 | 5 | 3 | — | СО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.