Српски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српски јазик — јужнословенски јазик и стандардизирана норма на српскохрватскиот јазик. Српскиот е службен јазик во Србија, Косово и Република Српска (Босна и Херцеговина), а се користи и во делови на Црна Гора и Хрватска и населените места кои се сметаат за српска дијаспора.
Српски јазик | |
---|---|
српски језик / srpski jezik | |
Застапен во | Србија, Босна и Херцеговина и Косово |
Подрачје | Балкан |
Говорници | 12 милиони[1] |
Јазично семејство | |
Писмо | српска азбука |
Статус | |
Службен во | Србија Босна и Херцеговина Косово |
Регулативен орган | Катедра за стандардизирање на српскиот јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sr |
ISO 639-2 | srp |
ISO 639-3 | srp |
Држави каде српскиот е службен.
Држави каде српскиот е малцински признат. |
Во српскиот јазик, зборовите се пишуваат како што и се изговараат, и секоја буква претставува еден глас. Овој фонетички принцип е претставен во поговорката: "Пишувај како што зборуваш, читај како што е напишано", принцип користен во повеќе балкански јазици.
Друга одлика на српскиот јазик е што тој се пишува на две азбуки: кирилица и латиница. Двете азбуки се речиси еднакви, а единствена разлика е во користењето на буквите. Ова е последица на историски причини, имено делот од српската популација кој бил под влијание на Австроунгарија пишувал на латиница, а другиот дел кој бил под влијание на Византија пишувал на кирилица. Денес, сите образовани луѓе ги познаваат и двете азбуки.[се бара извор]