Босна и Херцеговина
држава во Југоисточна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Босна и Херцеговина или скратено БиХ — земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.
- Поимот „Босна“ пренасочува тука. За други значења на поимот „Босна“ видете Босна (појаснување).
Босна и Херцеговина Bosna i Hercegovina Босна и Херцеговина |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Државна химна на Босна и Херцеговина |
||||||
Местоположбата на Босна и Херцеговина (зелено) на Европскиот континент (темносива) — [Легенда] |
||||||
Главен град | Сараево 43°52′N 18°25′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | босански, хрватски, српски | |||||
Народности (попис од 2013 година[1]) | ||||||
Демоним | Босанци
(Босанец/Босанка) Херцеговци (Херцеговец/Херцеговка) |
|||||
Уредување | федерална република | |||||
• | Висок претставник | Валентин Инцко | ||||
• | Претседатела | Милорад Додик | ||||
• | Членови на претседателството | Шефик Ѓаферовиќ Жељко Комшиќ |
||||
• | Премиерб | Денис Звиздиќ | ||||
Независност | ||||||
• | Спомената | 9. век | ||||
• | Создадена | 29 август 1189 | ||||
• | Основано кралство | 26 октомври 1377 | ||||
• | Изгубена независност од Отоманско Царство | 1463 | ||||
• | Национален ден | 25 ноември 1943 | ||||
• | Независност од СФРЈ | 1 март 1992 | ||||
• | Признаена | 6 април 1992 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 51,197 км2 (127-ма) | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2018 | 3.503.344 | ||||
• | Густина | 68,97 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2016 г. | |||||
• | Вкупен | $30.389 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $11,647[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2016 г. | |||||
• | Вкупно | $16.306 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $4,617,75[2] | ||||
Џиниев коеф. (2013) | 36.2[3] среден |
|||||
ИЧР (2014) | ▬ 0.731[4] висок · 86та |
|||||
Валута | конвертибилна марка (BAM ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .ba | |||||
Повик. бр. | 387 | |||||
1. | а наречен Претседавач на Претседателството | |||||
2. | б наречен Претседавач на Советот на министрите |
Босна и Херцеговина е речиси континентална држава - има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Босна и Херцеговина се граничи со Хрватска на север, запад и југ; Србија на исток; и Црна Гора на југоисток. Во централниот и источниот дел на земјата, географијата е планинска, на северозапад е умерено ридска, а североисточниот дел е претежно рамен. Во внатрешноста (Босна) преовладува умереноконтинентална клима, со жешки лета и студени и снежни зими. Јужниот дел, Херцеговина, има средоземна клима и обична топографија.
Во Босна и Херцеговина биле откриени човечки населби од времето на неолитот, а на овие простори живееле илирски и келтски цивилизации. Културно, политички и општествено, земјата има богата историја. Најпрвин се населиле словенските народи од 6 до 9 век. Во 12 век била основана Бановина Босна, која во 14 век прераснала во Кралство Босна, а потоа земјата била вклучена во составот на Отоманското Царство, под чие владеење останало од средината на 15 до крајот на 19 век. Османлиите го вовеле исламот во регионот, и измениле голем дел од културниот и социјалниот изглед на земјата. Крајот на османлиското владеење завршил најпрвин со анексијата на земјата од Австроунгарија, која траела до Првата светска војна. Во меѓувоениот период, Босна и Херцеговина била дел од Кралство Југославија, а по Втората светска војна добила целосен републички статус во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на Југославија, републиката прогласила независност во 1992 година, по што следувала Босанската војна, која траела до крајот на 1995 година.
Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа[5][6]. Земјата е дом на три главни етнички групи или, официјално, конститутивни народи, како што е наведено во Уставот. Бошњаците се најголемата група, по кое следуваат Србите и Хрватите. Роден во Босна и Херцеговина, без разлика на етничката припадност, обично се идентификува како Босанец. Малцинствата, дефинирани според уставната номенклатура „Други“, вклучуваат Евреи, Роми, Полјаци, Украинци и Турци. Босна и Херцеговина има дводомно законодавно тело и тричлено претседателство составено од член на секоја од главните етнички групи. Сепак, моќта на централната влада е многу ограничена, бидејќи земјата е во голема мера децентрализирана и се состои од два автономни ентитети: Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и округот Брчко, управуван под локална власт. Федерацијата на Босна и Херцеговина се состои од 10 кантони.
Босна и Херцеговина е рангирана високо во однос на човековиот развој и има економија во која доминираат индустријата и земјоделскиот сектор, по што следат туристичкиот и услужниот сектор[7]. Земјата има социјална сигурност и универзален здравствен систем, а образованието во основно и средно образование е бесплатно. Босна и Херцеговина е членка на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа, ПзМ, ЦЕФТА и основачки член на Средоземната Унија по нејзиното формирање во јули 2008 година[8]. Земјата е апликант за членство во Европската Унија и е кандидат за членство во НАТО од април 2010 година, кога добила Акционен план за членство[9].