From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Босна (босански: Kraljevina Bosna / Краљевина Босна), или Босанско Кралство (Bosansko kraljevstvo / Босанско краљевство) — јужнословенско средновековно кралство кое се развило од Босанска Бановина (1154-1377). Земјата доживеала де факто независност во 13 и 14 век, и покрај тоа што била дел од унгарските круни. Нејзиниот тежок терен и оддалеченост овозможило на Босанците да маневрираат помеѓу нејзините два моќни соседи, Унгарија и Србија, и вообичаено кралството успевало да ја избегне потчинетоста кон нив во некои периоди. Неколку способни владетели му дозволиле на кралството кратко да ја игра улогата на регионална сила во 14 век. По 1290 година, Босна уживала виртуелна независност од Унгарија и се здобила со значајна територија во Далмација на сметка на Србија. Кралот Твртко I (1353-91) добил делови од западна Србија и поголемиот дел од јадранскиот брег, јужно од реката Неретва: за време на вториот дел од неговото владеење, Босна накратко станала најсилна држава на Балканскиот Полуостров. Сепак, феудалната фрагментација останала силна во Босна, и по неговата смрт земјата ја изгубила својата важност. Отоманското Царство припоила делови од Источна Босна во 1440-тите и 1450-тите години и продолжила да ја освојува Херцеговина, додека последната тврдина не паднала во 1481 година[1].
Кралство Босна Bosansko kraljevstvo Босанско краљевство | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1377–1463 | |||||||||||
Главен град | Високо Јајце Бобовац | ||||||||||
Говорени јазици | босански | ||||||||||
Вероисповед | Босанска црква, Православие, Римокатоличка црква | ||||||||||
Уредување | Феудална монархија | ||||||||||
Крал | |||||||||||
• 1377–1391 | Твртко I (прв) | ||||||||||
• 1461–1463 | Стефан Томашевиќ Котроманиќ (последен) | ||||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||||
• Крунисување на Твртко I | 26 октомври 1377 | ||||||||||
• Отоманско освојување | 5 јуни 1463 | ||||||||||
|
Босанска Бановина претставувала средновековна држава што се наоѓала на најголемиот дел од денешната Босна и Херцеговина, како и делови од Далмација (во Хрватска), Србија и Црна Гора. Иако земјата имала вазален статус на Кралство Унгарија, Босна де факто била независна држава[2][3]. Босанската Бановина постоела до 1377 година, кога била издигната во царство со крунисувањето на Твртко I.
До средината на 14 век, Босна го достигнала својот врв во времето на банот Твртко I од династија Котроманиќи, кој бил официјално крунисан на 26 октомври 1377 година како „Стефан, крал на Србите, Босна и Приморје“. Со тоа, тој станал владетел на новопрогласеното Кралство Босна, држава која всушност ја наследила Босанската Бановина. На врвот од својата моќ, кралството станало едно од највлијателните и моќни држави на Балканскиот Полуостров пред османлиското освојување.
Во текот на средниот век, Херцеговина се состоела од неколку помали земји: Захумље (Хум), центрирано околу градот Благај, и Травунија, во центарот на градот Требиње. Овие земји одредени периоди владееле како полунезависни земји, главно под капата на Србија. Нивните територии ги вклучувале современа Херцеговина и делови од Црна Гора и јужна Далмација. Името Херцеговина било усвоено кога Стефан Вукчиќ Косача како војвода на Свети Сава, ја потврдил својата независност во 1435-48 година. Собранието на овие благородници било наречено станак и било многу влијателно.
Босна го достигнала својот врв во времето на банот Твртко I, член на династијата Котроманиќ, кој дошол на власт во 1353 година. Во 1372 година, Твртко формирал сојуз со принцот Лазар Хребељановиќ, еден од регионалните владеттели на територијата на распарнатото Српско Царство [4]. Следната година, Твртко и Лазар ги нападнале териториите на Никола Алтомановиќ, кој во тоа време бил најмоќниот српски благородник. По поразот на Алтомановиќ, тие ги поделиле неговите земји, освен неговите приморски области на Драчевица, Конавле и Требиње, кои ги освоил Ѓураѓ I Балшиќ, владетел на Зета. Твртко добил делови од Захумље, горните делови на реките Дрина и Лим, како и областите Никшиќ и Гацко, зедно со важниот српски православен манастир Милешева (во која се наоѓале моштите на Свети Сава, првиот српски архиепископ)[5].
Во 1377, Твртко ги презел крајбрежните области од Балшиќ. Таа година, на 26 октомври, бил крунисан за крал на Србите, Босна, Приморје и западните земји[6]. Стекнувањето на српската територија, вклучувајќи го и значајниот манастир Милешева, во комбинација со фактот дека бабата на Твртко бил член на династијата Немањиќ, го поттикнал Твртко, исто така, да се прогласи за крал на Србија, со што ги потврдил своите претензии на српскиот престол. Ова било овозможено од царската линија на Немањиќ која започнала со Урош во 1371 година[5]. Круната му била испратена од унгарскиот крал Лајош I Анжујски. Самата церемонија била спроведена во Миле кај Високо во црквата која била изградена во времето на владеењето на Стефан II Котроманиќ, каде што бил погребан заедно со неговиот чичко[7][8][9][10]. Спротивно на тоа, некои поранешни историографи, претежно претставени од западни научници, сметаат дека бил крунисан во Милешевскиот православен манастир[11] од митрополитот Милешевски[8][5].
Сепак, по поразот на Никола Алтомановиќ, принцот Лазар се појавил како најмоќен господар на територијата на поранешното Српско Царство[12], кој сакал да ја обедини српската држава, а Српската православна црква го сметал за најспособен за да ја наследи династијата Немањиќ. Црквата, која била најсилна сила меѓу Србите во тоа време, не ги поддржувала аспирациите на Твртко во овој поглед[13].
До 1390 година, Твртко го прошири своето царство за да го вклучи дел од Хрватска и Далмација, и ја проширил својата титула како Крал на Србите, Босна, Далмација, Хрватска и Приморје. Целокупната титула ги наведува субјектите народи и географските зависности, следејќи ја византиската традиција. На врвот на својата моќ, тој бил „Крал на Босна, Србија, Хрватска, Хум, Усора, Соли, Далмација, Доњи Краји“.
По смртта на Твртко I, моќта на босанската држава полека започнала да се намалува. Отоманското Царство веќе ја започнало својата инвазија врз Европа и претставувала голема закана за Балканот во текот на првата половина на 15 век. Конечно, под кралот Стефан Томашевиќ, предаден и оставен да се грижи сам за себе од другите европски сили, Босна официјално паднала во 1463 година и станала најзападна провинција на Отоманското Царство. Провинцијата Херцеговина паднала во 1482 година. По падот на кралството, Катарина Косача Котроманиќ побегнала во Рим. Таа изјавила дека ја напушта земјата за да ги види нејзините синови или да ја посети Светата столица.
Религијата на првобитната популација на Босна и Херцеговина била мешана: имало католички и православни христијани, но повеќето од домородното население едноставно се нарекувале Бошњаци кои припаѓаат на таканаречената Босанска Црква. Поголемиот дел од знаењето за оваа црква доаѓа од надворешни извори и нејзината точна природа е предмет на многу научни дебати, особено околу нејзините можни дуалистички учења. Црквата била обвинета од католичките и православните власти за ерес и била поврзана со богомилите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.