Хрвати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хрвати — јужнословенски народ кој претежно е населен во западниот дел на Балканскиот Полуостров. Нивната бројност се движи околу 5 милиони луѓе. Најголемиот дел се населени во Хрватска, а големи хрватски заедници има и во Босна и Херцеговина (Херцеговина), Србија (Војводина), Словенија, Австрија Градиште (Бургенланд), САД, Германија, Австралија, а помала бројка на Хрвати има и во Македонија.
Хрватите зборуваат на хрватски јазик, кој е доста близок и сличен со српскиот јазик.