Македонија
земја во Југоисточна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонија, службено позната под новото спорно уставно име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија[8] — држава сместена на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од наследничките држави на поранешна СФРЈ, од која прогласила независност во 1991 година. Зафаќа околу 38 % од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија на север, Косово на северозапад, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.
- За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
Македонија Северна Македонија (уставно)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: нема[1] | ||||||
Химна: |
||||||
Местоположба на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темносиво)
|
||||||
Главен град (и најголем) | Скопје 42°0′N 21°26′E | |||||
Службен јазик | македонски[2] | |||||
Народности | Македонци и останати малцински заедници | |||||
Демоним | Македонци (Македонец/Македонка) | |||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Гордана Сиљановска-Давкова | ||||
• | Премиер | Христијан Мицкоски | ||||
Основање | ||||||
• | Античка Македонија | 825 (?) — 146 г. п.н.е. | ||||
• | Самоилово Царство | 976 — 1018 | ||||
• | Крушевска Република | 3 — 13 август 1903 | ||||
• | АСНОМ | 2 август 1944 | ||||
• | Прогласена независност од СФРЈ | 8 септември 1991 | ||||
• | Официјално признаена | 8 април 1993 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 25.436 км2 (145та) | ||||
• | Вода (%) | 1,9 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2021 | ▼ 1.836.713[3] | ||||
• | Густина | 80.1 жит/км2 (122-ра) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | ▲$54,9 милијарди[4] | ||||
• | По жител | ▲$21.662[4] (75-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $16,9 милијарди[4] (142-ра) | ||||
• | По жител | ▲$8.414[4] | ||||
Џиниев коеф. (2019) | 30.7[5] среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.776[6] висок |
|||||
Валута | денар (MKD ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | ||||||
Повик. бр. | 389 | |||||
Светец заштитник | Свети Климент Охридски[7] | |||||
1. | албански, турски, српски, ромски и влашки се службени јазици покрај македонскиот во населени места каде го зборува над 20 % од населението. |
Македонија е суверена[9], самостојна[10][11], демократска[9][12] и социјална држава[10][13]. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 жители (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Кочани и Кичево. Македонија има вкупно 25.436 км2 во кои живеат околу 1.836.713 жители (попис од 2021), од кои мнозинството се Македонци. Службен јазик во државата е македонскиот, додека службена валута е денарот.
Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради Спорот со името што го водела со Република Грција, таа била примена под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа и НАТО. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон Европската Унија.