Битола
град во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Битола — град во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената Општина Битола, административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. Градот е познат под името град на конзулите, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманското Царство, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Во периодот 1864 — 1912, Битола бил главен град на Битолскиот вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители (2002 г.), а според Пописот од 2021, трет. На север од Битола се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје (169 км), на североисток се наоѓа градот Прилеп (43 км), на југ се наоѓа градот Лерин (Грција) (33 км) и на северозапад се наоѓаат Ресен (29 км) и Демир Хисар (29 км). За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј. Битола е позната и како „градот под Пелистер“ поради неговата близина до Баба Планина.
Битола Обител, Манастир | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Колаж на битолски знаменитости | ||||||||||
| ||||||||||
Прекар(и): Градот на Конзулите | ||||||||||
Гесло: Битола, бабам Битола | ||||||||||
Координати: 41°01′55″N 21°20′05″E | ||||||||||
Земја | Македонија | |||||||||
Регион | Пелагониски | |||||||||
Општина | Битола | |||||||||
Управа | ||||||||||
• Градоначалник | Тони Коњановски (ВМРО-ДПМНЕ) | |||||||||
Површина | ||||||||||
• Градска | 422,39 км2 (16,309 ми2) | |||||||||
Надм. вис. | &10000000000000650000000650 м | |||||||||
Население (2021) | ||||||||||
• Градско | 71,808 | |||||||||
• Густина | 180/км2 (500/ми2) | |||||||||
• Метро | 105,654 | |||||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | |||||||||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |||||||||
Пошт. бр. | 7000 | |||||||||
Повик. бр. | (0)47 | |||||||||
Рег. таб. | BT | |||||||||
Клима | Dfa | |||||||||
Светец-заштитник | Свети Нектариј Битолски[1] | |||||||||
Мреж. место | http://www.bitola.gov.mk |