From Wikipedia, the free encyclopedia
Регионите на Македонија се усвоени во Владата на Македонија во 2007 година, а во Собранието на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски. Општините се единиците на локална самоуправа и на административната поделба на Македонија, додека регионите служат за статистички, економски и административни цели.
Најголем регион по површина е Пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, Скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија.
Руралните населби се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите. Полошкиот и Југозападниот Регион се издвојуваат според високото учество на населението кое живее во руралните средини, додека во другите региони руралните населби се поретко населени.[1]
Како земја-кандитат за членство во Европската Унија, Македонија (код: MK) е вклучена во тристепената номенклатура на територијални статистички единици (NUTS). Покрај тоа постојат и два нижи степена што се однесуваат на општините и населените места.
Според проценките на Заводот за статистика, населението по региони е:[2]
|
|
|
Македонија, според Собранието на републиката, е поделена на осум региони.[1]
Овој регион се простира во централниот дел на Македонија и го опфаќа средното сливно подрачје на реката Вардар, долните теченија на притоките Брегалница и Црна Река и крајниот западен дел од Овче Поле. Зафаќа површина од 4.042 квадратни километри или 16,2 проценти од територијата на Македонија. Вардарскиот Регион го соочинуваат следните општини:[1]
Овој регион го опфаќа сливното подрачје на реката Брегалница и зафаќа површина од 3.537 квадратни километри или 14,2 проценти од територијата на Македонија. Источниот Регион го соочинуваат следните општини:[1]
Овој регион го опфаќа сливот на Охридското Езеро и сливното подрачје на реката Треска, зафаќа површина од 3.340 квадратни километри или 13,4 проценти од територијата на Македонија. Југозападниот Регион го соочинуваат следните општини:[1]
Овој регион ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-валандовската Котлина, односно сливното подрачје на Струмичката Река и долното сливно подралје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Македонија. Југоисточниот Регион го сочинуваат општините:[1]
Овој регион ги опфаќа Пелагониската и Преспанската Котлина, зафаќа површина од 4.717 квадратни километри или 18,9 проценти од територијата на Македонија. Пелагонискиот Регион го сочинуваат општините:[1]
Овој регион ги опфаќа Полошката Котлина, Мавровската Висорамнина, планинскиот масив Бистра и долината на реката Радика. Вкупната површина на регионот е 2.416 квадратни километри или 9,7 проценти од територијата на Македонија. Полошкиот Регион го сочинуваат општините:[1]
Овој регион го зафаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Вкупната површина на регионот изнесува 2.310 квадратни километри, што претставува 9,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Североисточниот Регион го сочинуваат општините:[1]
Овој регион ја опфаќа скопската котлина, а неговата површина изнесува 1.812 квадратни километри или 7,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Скопскиот Регион го сочинуваат општините:[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.