Општина Демир Капија

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Демир Капија

Општина Демир Капијаопштина во југоисточна Централна Македонија со седиште во градот Демир Капија.

Кратки факти Општина Демир Капија, Држава ...
Општина Демир Капија
Општина
ThumbThumb
Thumb
ДржаваМакедонија
РегионВардарски
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996
СедиштеДемир Капија
Населени места
Управа
  ГрадоначалникЛазар Петров
Површина
  Вкупна311,06 км2 (120,10 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно3.777
  Густина12/км2 (31/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+043
Регистарски табличкиDK
Мреж. местоopstinademirkapija.gov.mk
Затвори
Thumb
Карта на Општина Демир Капија со селските атари.
Thumb
Демографска карта на Општина Демир Капија со селските атари.

Географија

Историја

Археолошките испитувања досега немаат откриено кој би го потврдил името на античката населба која се наоѓа во Демир Капија. Единственото расположливо име кое го имаме е Стене, кое на коинê јазикот значи „Теснец“, "Тесница", "Теснина" или „Клисура“. Другата можна етимологија на името е дека името е поврзано со зборот "σθένος" (стхенос / стенос), кој е исто така од коинê јазикот и значи "јачина", "сила", "моќ". Овој збор има сродност со тракискиот збор "стене", чие значење е "јак(а)" или "силен" / "силна", при што укажува дека можеби и тракискиот "стене" има врска со името на градот Стене.

Словенското име кое се задржало до средниот век е Просек, а подоцна турскиот назив Демир Капи, во превод Железна Врата.

Според досегашните наоди со сигурност може да се тврди дека на просторот пред тунелот, нешто јужно од денешна Демир Капија постоела една пајонска населба. Откриени се тврдини на брегот покрај клисурата како и гробна некропола кои се карактеристични за сите илирски и пајонски племиња во Македонија. Во средниот век крај денешна Демир Капија се споменува утврдениот град Просек - Теснина, кој се наоѓал на левата страна на Вардар. Самиот град имал голема улога на стратешко место поради што кон крајот на IX век Бугарите ја преземале оваа територија од Византија. Подоцна овој простор потпаѓа под власта на Цар Самуил а потоа повторно под Византија.

Некогашната градска населба е утврдена со ѕидини, а од јужната страна е природно заштитена.Во римскиот дел на градот се откриени остатоци од канализација, керамика, стакло и др.

На овој простор подоцна е подигната црква која најверојатно датира од IX - X век. Во времето кога македонските Словени го примале христијанството. Судејќи според пронајдените гробови и гробните наоди црквата била во употреба сè до XV век кога била урната и напуштена.

Демир Капија како видно стратешко место претставувала седиште на многу култури и нации кои оставиле зад себе белег кој денес ни помага да откриеме нешто повеќе за нив а со тоа да го збогатиме нашето културолошко знаење

Стопанство

Демографија

Според проценка од 2016, општина Демир Капија има 4.039 жители.[2] Според пописот од 2002 година општината има 4.545

Повеќе информации Народ, Вкупно ...
НародВкупноУдел (%)
Македонци 4.209 87,94
Албанци 15 0,51
Турци 225 7,57
Роми 11 0,35
Власи 0 0,00
Срби 54 2,91
Бошњаци 1 0,02
останати 30 0,70
Затвори
Вероисповед Вкупно
православни 4.104
муслимани 409
католици 7
протестанти 0
останати 25
Јазик Вкупно
македонски 4.209
албански 15
турски 225
ромски 11
влашки 0
српски 54
бошњачки 1
останати 30

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Демир Капија е Лазар Петров од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Демир Капија е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  СДСМ: 5 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.