Драчевица (Демиркаписко)
село во Општина Демир Капија, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Капија, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Драчевица — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Драчевица | |
Поглед на селото | |
Координати 41°21′00″N 22°11′45″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Демир Капија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1442 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18010 |
Надм. вис. | 890 м |
Слава | Свети Димитриј |
Драчевица на општинската карта Атарот на Драчевица во рамките на општината | |
Драчевица на Ризницата |
Драчевица во минатото го носела името Горна Драчевица, бидејќи во Демиркаписко постоело уште едно село со името Драчевица. Тоа село наречено Долна Драчевица исчезнало за време на Првата светска војна.
Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десниот брег на реката Бошавица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 490 метри, а од градот Неготино е оддалечено 28 километри.[2] Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 8 километри. До селото води земјен пат кој започнува во близина на хидроцентралата „Дошница“.
Драчевица се наоѓа на тераса на ридот Зајчар, кој ги раздвојува сливовите на реките Дошница и Бошавица. Низ селото поминува дол, кој се влива во Бошавица при излезот на реката од Баровската Клисура. Во селото се наоѓа чешма, додека во атарот постојат и други чешми и извори.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Три Брата, Оровог, Лисница, Гољак, Џбуровец, Падиње, Лештевски Дол, Дрмановец и Вршник.[3]
Селото има разбиен тип, поделено на Горно и Долно Маало, сместени на десниот и левиот брег на долот.[3]
Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочат остатоците од населба со некропола во наоѓалиштето Падарница.
Селото било отсекогаш на истото место, а само еднаш по буица било целосно испразнето.[3]
Селото било христијанско и од получифлички тип. До почетокот на XIX век, селото имало збиен тип и слободно, а подоцна станало получифличко и на сретсело била подигната беговска кула.[3]
За време на слободниот период, селото честопати било напаѓано од Турците од селата Бесвица, Прждево и Тремник. Селаните се договориле да го продадат селото на ајанот Кантур од Пепелиште. Подоцна била подигната кулата на Кантур на сретсело и селото било сигурно од арамии и напади. Подоцна, кулата и Долното Маало повеќепати биле наследувани, а последниот наследник го продал имотот на селаните пред аграрната реформа.[3]
Атарот е голем и зафаќа простор од 28,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.325,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 414,3 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 71,5 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
Селаните главно се занимавале со сточарство. Исто така, селаните ловеле и доста риба на Вардар.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Долна Драчевица имало 80, а во Горна Драчевица — 382 жители сите Македонци христијани.[4][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во едната Драчевица (Dirtchevitza) имало 80, а во другата 368 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 161 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само четири жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Драчевица немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 462 | 448 | 239 | 234 | 161 | 87 | 20 | 9 | 4 | 0 | 0 |
Драчевица било христијанско македонско село.[3]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Во XIX век, Драчевица било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Драчевица, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1248 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зградата на основното училиште во селото Барово. Избирачкото место ги опфаќа селата Барово, Драчевица и Стрмашево.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.