Чифлик (Демиркаписко)
село во Општина Демир Капија, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Капија, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Чифлик — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Чифлик | |
Улица во селото | |
Координати 41°23′17″N 22°13′22″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Демир Капија |
Население | 76 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1442 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18033 |
Надм. вис. | 140 м |
Чифлик на општинската карта Атарот на Чифлик во рамките на општината | |
Чифлик на Ризницата |
Во минатото, селото било именувано како Будур Чифлик.[2]
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Демир Капија, недалеку од реката Бошавица.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 140 метри.[3] До селото води асфалтен пат од градот Демир Капија.
Чифлик е сместено во рамница на десниот брег на Дошница, а над нејзиното устие со Бошавица. До почетокот на XIX век, устието на овие реки се наоѓало околу половина километар спротиводно од селото кај месноста Средорек. Тогаш, селото се наоѓало на десниот брег на реката Бошавица, како глава река, чие корито се наоѓало 200 метри далеку од селото. Потоа, реките кај Средорек се раздвоиле и повторно се соединиле кај месноста Царевец по два километри, поради што реката Дошница се приближила до селото. Во селото постои бунар.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Оризарска Гробишта, Падарница, Падина, Шутин Дол, Скинато, Модра Стена, Бресје, Пресека, Вршник, Љути Рамен, Брајова Нива, Црвена Стена, Почивало и Смреките.[2]
Селото има овален облик, поделено на Горно и Долно Маало, поделени со главниот пат, а помеѓу нив се наоѓа сретселото.[2] Како дел од селото се сметаат и издвоените куќи во маалото Дошница покрај истоимената хидроцентрала.
Селото било христијанско и од чифлички тип од неговото основање.[2] Во атарот на селото се наоѓаат и две раселени села. Селиштето Оризари, кое се наоѓало спротиводно на Дошница, на патот кон Дрен, пропаднало во 1909 година. Се верува дека Оризари не било чифличко и дека христијаните во него живееле на свое. Селиштето Јанков Чифлик, пак, во месноста Царевец опустело во 1916 година, а кулите и куќите биле срушени во 1918 година. По преданието, пред беговите селото припаѓало на христијанскиот сајбија Јанко, кој живеел во Демир Капија.[2]
Првичната местоположба на селото било кон Средорек, но во 1830 година тоа село било растурено од арамии. Тоа Старо Село, Турците одамна го потурчиле и го направиле свој чифлиг, а во блискиот манастир „Св. Петка“ го убиле ѓаконот Будур, кој се бунел против зулумџиите. На Старото Село кај месноста Падарница се забележуваат одредени остатоци, додека од манастирот „Св. Петка“ имало манастириште додека не била подигната новата црква „Св. Атанасиј“.[2]
Кон средината на XIX век се иселиле последните потурчени родови Селманчовци во Бистренци, а Ибраим и Али Алковци во Корешница. Од старите христијански родови, останал само еден род.[2]
Во 1913 година, селото изгорело поради што се изгубил ликот на вистински чифлиг и селото се проретчило.[2]
Атарот зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 112 хектари, на шумите отпаѓаат 90 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 75 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Селаните главно се занимавале со земјоделство. Во отоманскиот период, работеле на самиот чифлиг, а агите биле од Бесвица, Тремник и Кавадарци. Многу послабо, мештаните се занимавале со сточарство. На реката Дошница постоеле бројни воденици.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Чифлик живееле 185 жители, сите Македонци христијани.[4][5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 172 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 256, а во 1994 година 106 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик имало 90 жители, од кои 89 Македонци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 76 жители, од кои 65 Македонци, 2 Срби и 9 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | 172 | 111 | 186 | 256 | 166 | 112 | 108 | 106 | 90 | 76 |
Чифлик е христијанско македонско село.[2]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Во XIX век, Чифлик било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Чифлик, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка и Человец. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.
Во селото постои избирачкото место бр. 1244 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.