општина во Град Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Аеродром — општина во рамки на Град Скопје. Таа била создадена со одделување од Општина Кисела Вода, според новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година.
Општина Аеродром | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Поглед кон кулите во Аеродром | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Скопски | ||
Посебна единица | Град Скопје | ||
Основање | 2004 година (со Закон) 12 април 2005 година (прво заседавање на општинскиот совет) | ||
Седиште | Јане Сандански | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Дејан Митески | ||
Површина | |||
• Вкупна | 21,85 км2 (8,44 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 77.735 | ||
• Густина | 3,600/км2 (9,200/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | aerodrom.gov.mk |
Името на Општината е добиено по населбата Аеродром (населба која пак го носи името според старата местоположба на скопскиот аеродром). Но иако името на општината е Аеродром, населбата Аеродром никогаш не била седиште на општината, туку првичното седиште било во населбата Мичурин, а потоа во населбата Јане Сандански.
Пред да биде создадена Општина Аеродром, нејзината територија припаѓала на Општина Кисела Вода. Според Законот за територијална поделба од 2004 година, била создадена Општина Аеродром, како составна општина на Град Скопје.[2] На 12 април 2005 година, за првпат била одржана седница на Советот на општината.[3]
Во март 2015 година, општински власти го промениле своето седиште и се преселиле од населбата Мичурин и се сместиле во населбата Јане Сандански, под кирија во зградата на „Скопски пазар“.[4]
Граници на општината се следните: од мостот на железничката пруга на реката Вардар, кој е тромеѓа на Општина Аеродром, Центар и Гази Баба и се движи долж Транспортен центар „Скопје”, железничката пруга во правец кон Велес (пругата Скопје-Велес е граница со Општина Кисела Вода), продолжува по надворешната граница на катастарска општина Долно Лисиче до реката Вардар и свртува спротивно до мостот на железничката пруга на реката Вардар. Границата помеѓу општините Аеродром и Гази Баба не е целосно поставена на реката Вардар, односно границата го следи поранешниот водотек на Вардар. Тоа значи дека овие две општини имаат своја територија од двете страни на реката. Прекуречните територии се после завршувањето на кејот на Вардар, односно после мостот што го поврзува Трубарево и Дивтар Маало/Маџари со Горно Лисиче, и завршуваат во атарот на Долно Лисиче. Вакви прекуречни територии ги има девет, од кои седум територии (кои се на левата страна на Вардар) се на Општина Аеродром, а две територии (кои се на десната страна на Вардар) се на Општина Гази Баба. Овие две општини, во истиот речен појас, делат еден речен остров.[5][6] Територијата на општината е 20 км2, од кои урбан дел е 10,4 км2 или 60%, а рурално земјиште 9,6 км2 или 40%.
Иако Општина Аеродром е составен дел од административната единица Град Скопје, не сите населени места во општината припаѓаат во Скопје како населено место. Исклучок е Долно Лисиче поради својот рурален статус.
Општина Аеродром се состои од четири катастарски општини:
Број на фирми:
Вкупен број на население: 77.735 жители.[7]
Пол:
Образование (за лица над 15 години):
(невработени 13.000; 10% ВСС); домаќинства 21.495; станови (живеалишта) 23.754[се бара извор]
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Аеродром во 2011 се зголемил за 9,9 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Аеродром е прва општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[8]
Според пописот од 2021 г.[9] општината брои 81.338 жители, и со тоа е една од поголемите општини по населеност во земјата.
Во 2017 година, општината имала вкупно 976 вработени, од кои 109 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[10] Тековен градоначалник на Општина Аеродром е Дејан Митески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Советот на Општина Аеродром е составен од 27 члена.
Според локалните избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021, биле:
Досегашни градоначалници на Општина Аеродром биле:[11]
Општина Аеродром се состои од десет урбани и една месна заедница:[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.