Долно Лисиче
село во Општина Аеродром From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Аеродром From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Лисиче — село во Општина Аеродром, во околината на градот Скопје.
Долно Лисиче | |
Поглед на дел од селото Долно Лисиче | |
Координати 41°57′26″N 21°32′15″E | |
Општина | Аеродром |
Население | 2.627 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25039, 25539 |
Долно Лисиче на општинската карта Атарот на Долно Лисиче во рамките на општината | |
Долно Лисиче на Ризницата |
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Аеродром и практично е приградска населба на Скопје. Расположено е на десниот брег на реката Вардар на 4 км. југоисточно од вливот на Маркова Река во Вардар. Граничи со населените места Подстаница и Драчево на југ, Горно Лисиче на запад и Јурумлери на север и воедно на спротивниот лев брег на Вардар.
Селото за првпат се споменува во римските повелби од XII век, но не е сигурно дали тогаш претставувало една населба со Горно Лисиче. Географот и етнолог Јован Трифуноски во книгата „Слив на Маркова Река“ (српски: „Слив Маркове Реке“), дава податоци според кажувањата на селаните. Некаде на почетокот на XVIII век селото страдало од колера. После ова има доселувања од другите предели на Македонија и тоа Овче Поле, Врање и селата под Китка. Во една карта од 1867 година, насловена „Карта на сливот на реките Дрим и Вардар“ (германски: Karte der Flußgebiete des Drin und des Wardar), селото било прикажано под називот Д. Лисиче (D. Lisitche).[2] Во една друга карта од 1868 година, насловена „Преглед на карта на проектираната железничка линија помеѓу Дунав и Солун“ (германски: Übersichtskarte der projectirten Eisenbahnlinie zwischen der Donau und Saloniki), селото било прикажано под називот Лисиче (Lisitche). На картата, селото е сместено источно од реката Бадитшка (германски: Baditschka; се мисли на Маркова Река)[3] Судејќи според името, можеби се однесува на Горно Лисиче. На картата од Спиридон Гопчевиќ од 1889 година, насловена „Македонија и Стара Србија“ (Makedonien und Alt-Serbien), Долно Лисиче е прикажано како Д. Лисиче.[4] Во доцниот османлиски период, селото било чивчиско со околу 30-тина куќи. Во нив православните Македонци живееле во семејства од по 20-на луѓе. Имало и три османлиски кули кои биле растурени по Балканските војни. Во една карта од 1910 година, издадена од Императорскиот и кралски военогеографски институт од Виена, селото било прикажано под називот Дојца (Dojca).[5] На една друга карта од 1914 година, насловена „Преглед на карта на Србија, Босна и Црна Гора“ (германски: Übersichts-Karte von Serbien, Bosnien und Montenegro), Долно Лисиче било прикажано под називот Албаш (Albaš).[6] Иако е наведено како Албаш (Горно Лисиче), судејќи според местоположбата (бидејќи на картата, населеното место е поставено источно од Маркова Река), многу веројатно се однесува на Долно Лисиче бидејќи точно одговара и на денешната долнолисичка местоположба. На картата од Леонард Шулце Јена, насловена „Етничката припадност на селата во Скопско Поле и Повардарието во последниот период од турското владеење“ (Die Volkliche Zugenhörigkeit der Dörfer im skopischen Feld des Vardar in der letzen Zeit der türkischen Herrshaft), Долно Лисиче е прикажано како Дл (Dl) и според авторот, селото е категоризирано како село чија етничка припадност не е утврдена.[7] На една карта веројатно направена во 1920-тите, селото е споменато како Дојца (Д. Лисица) (Dojca (D. Lisica)).[8] До тоа време селото немало вистинска црква туку само мала градба од плетер. Малата црква „Св. Троица“ била срушена во 1980-тите години, а во 1991 година, нејзино место бил изграден нов храм. Во селото има масовно доселување помеѓу 1970-2006 кое уште трае и тоа главно од селата на реката Бабуна, Крива Паланка и Босилеград.
Во XIX век, селото било дел од Скопската каза, во Отоманското Царство.
На една југословенска карта направена пред земјотресот од 1963 година, тоа е споменато како Д. Лисиче (српскохрватски: D. Lisiče).[9]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци, 50 Турци и 50 други.[10]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 2.440 жители, од кои 2.378 Македонци, 1 Влав, 47 Срби и 14 останати.[11]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долно Лисиче има 2.627 жители, од кои 2.481 Македонец, 1 Албанец, 1 Влав, 30 Срби и 114 останати. Се состоело од 869 домаќинства и 922 станови.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 216 | 253 | 526 | 630 | — | — | — | — | 2.440 | 2.627 |
Во Долно Лисиче живеат следните македонски православни родови: Еровци, Миленковци, Неслатковци, Пупунчевци (сите старинци), Мусјаковци (од „планините“ од Алдинци или Палиград во изворишниот дел на Кадина Река), Чваровци (од Варвара), Ѓоковци (од с. Зркле во Поречје), Голубовци и Боргиовци (двата рода од Овче Поле), Ашиковци и Кечовци (од Драчево), Трабиновци (од Ракотинци), Малезановци (од Добри Дол), Дојранци (од Дојран)[16].
Број на избирачко место | Установа кадешто се наоѓа | Женски гласачи | Машки гласачи | Регистрирани гласачи |
---|---|---|---|---|
2772 | ПУ „Гоце Делчев“ | 311 | 299 | 610 |
2772/1 | ПУ „Гоце Делчев“ | 269 | 274 | 543 |
2773 | ПУ „Гоце Делчев“ | 517 | 492 | 1009 |
Вкупно | 1.097 | 1.065 | 2.162 |
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 1.467 жители, каде 68% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 8% Коалицијата “За Европска Иднина“ - СДСМ и 10% партијата Левица.[19]
Единствен спортски клуб во ова село е ФК Победа основан во далечната 1976 година од група ентузијасти. Клубот поседува свое тревнато игралиште со свое име ,,Купишта,,.Веќе 20 години низ школата на овој клуб поминале над 200 фудбалери од кои многумина ја продолжиле својата кариера во други Македонски клубови. Од многуте имиња на тренерската клупа треба да се одбележи името на прославениот Вардаров Ас Лазо Мојсов. Клубот успешно настапува во Меѓурегионалнaта лига. Поранешното име на ФК Победа било Аждер кој постоел уште пред 1950 година (може и постар).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.