Општина Зелениково

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Зелениково

Општина Зелениковоопштина во северниот дел на Македонија, во јужниот дел на Скопската Котлина. Таа е единствената општина во околината на градот Скопје којашто не се граничи со неговата територија. Општинско седиште е селото Зелениково.

Кратки факти Општина Зелениково, Држава ...
Општина Зелениково
Општина
ThumbThumb
Thumb
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Година кога е основана со закон1945 (како месен народен одбор), 1996
СедиштеЗелениково
Населени места
Управа
  ГрадоначалникКоста Маневски
Површина
  Вкупна176,95 км2 (68,32 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно3.361
  Густина19/км2 (49/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоzelenikovo.gov.mk
Затвори
Thumb
Карта на Општина Зелениково со селските атари.
Thumb
Демографска карта на Општина Зелениково со селските атари.

Географија

Општина Зелениково е општина во северниот дел на Република Македонија, сместена во крајниот југоисточен дел на Скопската Котлина во близина на градот Скопје. Поточно општината Зелениково се наоѓа во горното Повардарие, во средото течение на реката Вардар во близина на сливот на Кадина Река и Пчиња. Територијата на општина Зелениково зафаќа површина од 176,95 km2. Општината Зелениково се граничи со 4 општини и тоа: Велес од југ и југоисток, Чашка од југ, Студеничани од запад и Петровец од север и североисток. Самата општина има изразит рурален карактер и во своите граници опфаќа 14 населени места, од кои сите селски населби. Населението на општина Зелениково брои 4077 жители, што во однос на големината на територијата на општината покажува дека општина Зелениково има густина на населеност од 23,04 жители на km2, што ја вбројува во редот на ретко населени подрачја. Седиштето на општината е во село Зелениково, а градоначалник е Коста Маневски.

Историја

Општина Зелениково е формирана како посебна општина во денешните граници со Законот за територијална организација на општините од 1996 година, а претходно била во рамките на Општина Кисела Вода и Општина Скопје во периодот на СФРЈ.

Со предлог Законот за територијална организација на општините во 2004 беше предвидено Општина Зелениково да се припои кон Општина Петровец, меѓутоа Општината Зелениково остана самостојна општина со поголеми можности за сопствен развој.

Стопанство

Населението во Општина Зелениково се занимава со примарни и секундарни стопански дејности. Најразвиено е земјоделството односно полјоделството и сточарството. Поради поволноста на теренот и високата плодност на земјиштето во пределот околу реката Вардар е најзастапено полјоделството, пред сè одгледувањето на житни култури (пченица, јачмен, овес, ’рж, пченка), градинарски култури (зелен пипер, домат, морков, кромид, лук, спанаќ, марула) како и индустриските култури (луцерка, фуражна пченка, детелина). Идеалните услови кои ги нудат ридските предели на општина Зелениково, последната деценија повторно го вратија и развија сточарството посебно козарството, по кое оваа општина е далеку позната, пред сè по прочуеното козјо сирење и млеко од неколкуте млекарници од Таор, Пакошево и Зелениково. Покрај козарството, доста развиено е и овчарството. Покрај земјоделството и сточарството развиено е и индустриското производство во прехранбената индустрија и фабриката за компјутерски микрочипови во село Орешани.

Демографија

Според пописот од 2002 година, Општина Зелениково брои 4077 жители, чиј етнички состав е:[2]

  • Македонци 2522 - 61,86%
  • Албанци 1206 - 29,58%
  • Турци 1 - 0,02%
  • Роми 92 - 2,26%
  • Власи 1 - 0,02%
  • Срби 45 - 1,10%
  • Бошњаци 191 - 4,68%
  • останати 19
Вероисповед Вкупно
православни 2.576
муслимани 1.491
католици 2
протестанти 0
останати 8
Јазик Вкупно
македонски 2.533
албански 1.205
турски 2
ромски 90
влашки 2
српски 38
бошњачки 10
останати 197

Општествени установи

Во општина Зелениково работи деветгодишно основно училиште „Марко Цепенков“ кое се наоѓа во Станица Зелениково. Во рамките на училиштето работат и градинка и библиотека. Во општината работат и јавна и приванти здравствени амбуланти кои се наоѓаат ов Станица Зелениково.

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Зелениково е Коста Маневски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на општина Зелениково е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  ДУИ: 1 место

Културни и природни знаменитости

На територијата на Општина Зелениково се наоѓаат повеќе културно-историски споменици и знаменитости. Во близината на селото Таор се наоѓа археолошкото наоѓалиште со остатоците од античкиот град Тауресиум во кој е роден византискиот цар Јустинијан I. Исто така во рамките на општината Зелениково се наоѓаат повеќе постари средновековни цркви и манастири меѓу кои: познатиот манастир „Свети Архангел Гаврил“ во селото Зелениково од XIV век, возобновен во 1845/46 година, манастирот „Свети Ѓорѓија“ и црквата „Воскресение Христово“ во Станица Зелениково, црквите „Свети Димитрија“ од XIV век и „Свети Илија“ од XVII век во селото Таор, а во Ново Село постои црквата „Свети Талеа“ од средновековието возобновена во 1896 година.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.