Орешани
село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia
Орешани — село во областа Блатија, во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.
Орешани | |
Поглед на селото Орешани од ридовите над село Таор | |
Координати 41°53′54″N 21°36′12″E | |
Општина | Зелениково |
Население | 640 жит. (поп. 2021)[1] |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25099 |
Надм. вис. | 230 м |
Слава | Атанасовден |
Орешани на општинската карта Атарот на Орешани во рамките на општината | |
Орешани на Ризницата |
Селото Орешани се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина во составот на Општина Зелениково. Непосредно до селото тече реката Вардар, а исто така покрај селото поминува пругата Скопје - Велес на која се наоѓа стојалиште со името на селото (кое се наоѓа пред станицата Зелениково). Орешани лежи на надморска височина од 230 метри и е рамничарско село. Куќите се распослани на ниските ритчиња од десната страна на реката Вардар, од двете страни на железничката пруга Скопје - Велес. На ридскиот предел западно и северозападно од селото се изградени и сè уште се градат голем број на викендички и вили за одмор на луѓе од Скопје, така што еден дел околу железничката станица „Јане Сандански“ од десната страна на патот пред селото се смета како викенд-населба „Јане Сандански“.
Првиот помен за Орешани се сретнува во 1300 година кога е забележано дека ќелијната црква Света Петка од соседното село Морани имала земја во селото Ораши или Ворошах и тоа на четири места околу 100 каблови (житна и земјишна мерка) купени и 15 каблови околу Петровиот Крст, дарувани за друша[2]. За време на отоманското владеење Орешани било големо православно македонско село од кое на местото Јурија на селскиот собир оро играле 40 до 50 девојки[3].
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Во XIX век селото го почифличиле Турци-муслимани од Скопје кои во лето доаѓале во Орешани, а земјата на чифликот ја обработувале Македонците кои постојано живееле во селото[3]. Кон средината на XIX век Орешани се споменува од македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот кој во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година за Орешани запишал дека е доброплодно село од сешто и неговите жители - славјани (Македонци) се премногу добри и вредни луѓе (родници), а најмногу гостољубиви и имаат црква Св. Атанасија[4].
Како и во соседното село Морани, така и во Орешани во втората половина на XIX век започнале да се доселуваат Албанци од блиското село Студеничани, кои лете доаѓале да ја работат земјата, а зиме се враќале во своето село[3]. За брзо време тие Албанци ја откупиле и дел ја приграбиле земјата од турските бегови, а со насилство, убиства и терор ги натерале незаштитените жители Македонци да се иселат, така што околу 1880 година селото било наполно раселено[2]. Од старите македонски родови кои се иселиле од Орешани во втората половина на XIX век се знаат следниве: Матеовци (еден дел од селските гробишта по нив го носи името Матеовски гробишта), Големовци (отишле во Скопје), Велковци (отишле во Скопје), Мартиновци кои биле најбогат селски род, а по приграбувањето на нивната земја целосно осиромашиле и со последниот машки потомок Лазо изумреле во Орешани, Велко Орешанец се иселил исто така во Скопје, а Блажо Чибуче една ноќ бил убиен во селото[3]. Во селото живееле голем број на други родови, меѓутоа запаметени се оние кои последни се иселиле или изумреле.
Орешани започнало да се обновува со доселувањето на Македонци, родовите Тошевци и Грнчаровци, кои дошле како наполичари да ја обработуваат земјата во туѓа сопственост[5]. Поради поволната положба и плодноста на земјата крај Вардар по отоманското владеење и ослободувањето по Втората светска војна во Орешани започнало да се доселува сè поголем број на население, највеќе Македонци, од соседните села Таор, Зелениково, Градовци, како и од Скопје, Битола и Велес.
За потеклото на името Орешани, населението нема предание, но се смета дека тоа е многу старо „од бир земан“[5]. Сепак, може да се заклучи дека името Орешани потекнува од името на дрвото и плодот орев (лат. Juglandaceae), односно има значење на место каде што растат (има) ореви.
Селото Орешани има главно полјоделска функција судејќи според составот на неговиот атар кој зафаќа површина од 3,7 км2 (192 ха обработливо земјиште, 79 ха шуми и 44 ха пасишта). Од полјоделските култури најмногу се одгледуваат житните растенија (пченица и јачмен), а застапени се и градинарските култури (домат, пиперка, краставица) како и полјоделски култури како лубеници, тутун[6], а на ридскиот предел многу се застапени и лозарството и овоштарството. Дел од населението се занимава и со сточарство (овци и крави) и млекото најчесто оди за преработка во сирење и останати млечни производи во блиската млекарница во Зелениково. Во последно време интересно е тоа што и покрај оддалеченоста од градот Скопје во селото се населуваат и богати македонски стопанственици, трговци и инженери кои покрај своите куќи во Орешани ги регистрираат своите фирми и имаат свои погони. Во поново време изградени се фабриката и компанијата за електроника и електронски микрочипови, производствениот погон за мебел и покуќнина „Бујото“, како и приватниот старечки дом “Панада“ кој се одликува со одлична опременост.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 20 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 76 мажи христијани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 174 жители.[7]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 169 жители.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орешани живееле 120 жители, од кои 60 Македонци[9] христијани и 60 Албанци[10] муслимани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орешани имало 80 Македонци[9], под врховенството на Бугарската егзархија.
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 103 жители.[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[12]
Според пописните списоци од 1961 и 1994 Орешани бележи пораст на бројот на своето население од 208 (1961 г.) на 429 жители (1994 година). Етничкиот состав на населението во 1994 година изгледал вака: 311 Македонци, 94 Албанци и 22 Срби.
Според листите од пописот од 2002 Орешани бележи пораст на населението и брои 511 ж5тели, од кои:
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 640 жители, од кои 474 Македонци, 96 Албанци, 3 Турци, 15 Срби, 5 Бошњаци, 5 останати и 42 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 80 | 148 | 153 | 208 | 272 | 401 | 462 | 429 | 515 | 640 |
Најголемиот дел од населението на Орешани се православни Македонци. Македонски родови во Орешани се: Тошевци (од с. Драчево), Грнчаровци (од с. Карабуниште-Велешко), Грујовски или Зелјаровци (од с. Градовци, поддалечно потекло од с. Карабуниште-Велешко), Меловски (од с. Галичник)[18]. Денес во Орешани живеат голем број на македонски семејства доселени од Скопје, соседните села Таор, Зелениково, Градовци, од градот Велес и околните села, како и од градот Битола (2 куќи) и околните села.
Православното македонско население ја прославува славата Свети Атансиј (Атанасовден) на 31 јануари. Во минатото на денот на Св. Атанасиј се колела жртва кај истоимениот крст во селото[20]. Сè до изградбата на црквата, Св. Атанасија била преслава, а селска слава немало, додека за верски потреби населението ги посетувало црквите во Таор и Драчево[20].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.