Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.
Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:
- Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
- Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
- Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
- Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите одлики на селото.
Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.
- Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
- Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
- Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).
Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.
Селото како тема во книжевноста
Селото како тема во народната книжевност
- „Си поминав низ село“ - македонска народна песна.[2]
- „Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.[3]
- „За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.[4]
- „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.[5]
- „Селанецот што го надитрил аптекарот“ - македонска народна приказна.[6]
- „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[7]
Селото како тема во книжевноста
Селото како тема во музиката
- „Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.[25]
- „Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[26]
- „Во наше село“ — песна на македонската етно група „Synthesis“.[27]
- „Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[28]
- „Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1988 година.[29]
„атар“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21.
Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 136-140.
Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 146-148.
Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8.
Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 67-68.
Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.
Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 57-58.
Петре М. Андреевски, Последните селани (второ издание), ЗУМПРЕС, Скопје, 1999
Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 132-133.
Joseph Frank, Dostoevsky. The Years of Ordeal 1850-1859, London, 1983, p. 264.
Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 201.
Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 60-65.
Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 33.
Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 49.
Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 68-69.
Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 36-37.
Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 23.
Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 10-11.
A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 57-58.
Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 5.
Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 218.
Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“.