From Wikipedia, the free encyclopedia
Ванчо Николески (Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 - Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980 ) — македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.
Ванчо Николески | |
---|---|
Роден/а | 10 јуни 1912 Црвена Вода, Охридско |
Починат/а | 15 април 1980 67) Црвена Вода, Охридско | (возр.
Занимање | писател за деца и млади |
Националност | Македонец |
Државјанство | Македонец |
Народност | Македонец |
Жанр | Поезија и проза |
Значајни дела | „Гоце Делчев“, „Волшебното самарче“, „Мице“, „Чудотворен кавал“ |
Значајни награди | „Св. Климент Охридски“, „11 Октомври“, „Младо поколение“ |
Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода - Дебрца, Охридско. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.[1] По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.[2] Починал во Охрид, во 1980 година.[3]
За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите:[4]
Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.[6]
Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.
Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.[7] Негови најпознати дела се:[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.