Смесница
село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia
Смесница — село во Општина Зелениково, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, сместено во близина на левата страна на железничката пруга Скопје-Битола.
Смесница | |
![]() Поглед на селото Смесница | |
Координати 41°50′39″N 21°37′26″E | |
Општина | Зелениково |
Население | 59 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25120 |
Смесница на Ризницата |
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во Таорската Клисура, на десниот брег на реката Вардар, на околу десетина километри од општинското средиште Зелениково и на 35 километри јужно од градот Скопје.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 28 семејства и 5 вдовици, сите христијани.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 28 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 62 жители.[3] Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 158 жители.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смесница живееле 180 жители, сите Албанци[5].[6]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 203 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[8]
Во 1961 година селото има 159 жители, додека во 1994 година населението се зголемило на 168 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 104 жители, сите Албанци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 45 Албанци и 14 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | — | 221 | 245 | 159 | 146 | 164 | 5 | 168 | 104 | 59 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Смесица е албанско село. Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
- Доселеници: Ајдалар (4 к.) по потекло се од фисот Тсач во северна Албанија. Се сметаат за први селски доселеници. За нив се вели дека потекнуваат од двајца браќа и доселени се како католици. Браќата се викале Дуѓан и Хода. Од едниот од синовите бил Ајдар по кого е наречен родот. Го знаат следното родословие. Рустем (жив на 56 год. во 1950 година) Елмаз-Бектеш-Реџеп-Емин-Ајдар; Љатифлар (4 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Овде се доселиле по родот Ајдалар; Ценалар (5 к.) точно потеклото не го знаат (веројатно од северна Албанија). Во Смесица доселени се по претходните родови; Браималар (4 к.) и Браималар (1 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија; Потурци (7 к.) овој род има торбешко потекло. Доселени од некое торбешко село во оваа област (Торбешија).[15]
Иселеништво
Албански иселеници од селото до 1951 година има во Скопје, Велес и во Турција (6 семејства).[15]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.