Ресен
град во Општина Ресен / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ресен — град во југозападниот дел на Република Македонија и седиште на Општина Ресен, и претставува административен и економски центар на областа Преспа, која е заградена со високи планини. Баба од источната страна, Галичица од Запад, Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен.
Ресен | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Главната улица во Ресен | |||
Местоположба на Ресен во Македонија | |||
Координати: 41°05′N 21°00′E | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Пелагониски Регион | ||
Општина | Општина Ресен | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Јован Тозиевски (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Надм. вис. | &10000000000000885000000885 м | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 7,904 | ||
Час. појас | UTC+1 | ||
• Лето (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 047 | ||
Рег. таб. | RE | ||
Мреж. место | www.resen.gov.mk |
Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат на регионот посебна убавина. Преспанското Езеро е второ по големина во Република Македонија. Сместено е на јужната страна од Преспанската Котлина помеѓу планините Галичица и Баба 835 м надморска височина.
Културата во Преспа датира уште од Неолитот. Вија Егнација поминувала низ котлината за време на Римското Царство. Постојат голем број на споменици на уметноста во регионот. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 год. Грнчарството е развиено во Преспа уште во минатото и сѐ уште е присутно благодарение на Ресенската керамичка колонија. Колонијата претставува дом за многу светски познати грнчари од секаде, за време на летниот период, секоја година.