Бигла
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Бигла — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Бигла | |
Куќи во Бигла | |
Координати 41°57′26″N 22°40′28″E | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Пијанец |
Население | 159 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09001 |
Надм. вис. | 722-803 м |
Бигла на општинската карта Атарот на Бигла во рамките на општината | |
Бигла на Ризницата |
Бигла се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е од разбиен тип и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 722-803 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 32 км2. Од Делчево е оддалечено 14 км.[2]
Во почетокот на XX век, Бигла било македонско село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало тројца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во 1924 година, чета на ВМРО на чело со војводата Дончо Христов водела целодневна борба против српска потера.[4]
Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.591,4 ха, на пасишта отпаѓаат 787,7 ха, а обработливото земјиште се простира на површина од 679,8 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бигла имало 640 жители, од кои 600 Македонци и 40 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бигла имало 736 жители Македонци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Бигла живееле 274 жители, од кои 272 Македонци и 2 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 159 жители, од кои 143 Македонци, 4 Албанци, 1 Србин и 11 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Бигла:[11]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 754 |
1953 | 838 | 0 | 0 | 0 | 6 | — | 844 |
1961 | 721 | 4 | 6 | 0 | 0 | — | 731 |
1971 | 868 | 1 | 6 | 0 | 1 | — | 677 |
1981 | 448 | 0 | 0 | 1 | 2 | — | 451 |
1991 | 330 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 330 |
1994 | 343 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 343 |
2002 | 272 | 0 | 0 | 2 | 0 | — | 274 |
2021 | 143 | 4 | 0 | 1 | 0 | 11 | 159 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Во селото има основно училиште, амбуланта, фабрички погон, продавници и угостителски објекти.[2]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во селото постои избирачко место бр. 0604 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 218 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[14]