Автомобилски регистарски таблички во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Автомобилските регистарски таблички во Македонија се состојат од сина лента во левиот дел од табличката на која стои код NМК (пред февруари 2019 МК), регионален код со две букви, правоаголно поле во кое се испишани регионалниот код и двозначниот алфа код на кирилица, четирицифрен бројчен код и двозначниот алфа код. (на пример: SK █ 1234 AB).
Новите таблички започнале да се издаваат од 20 февруари 2012 година, најпрвин во Скопје, а потоа и во другите градови.
Цена за нова табличка изнесува 1.200 денари.[1]
Како последица на Преспанскиот договор, од февруари 2019 година на табличките наместо меѓунарониот код MK доделен од ISO се користи кодот NMK.[2]