Преспански договор
контроверзен договор за решавање на спорот меѓу Грција и Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Договор од Преспа, Спогодба од Преспа или Преспански договор — меѓународен договор потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро. Договорот ја раскинува Времената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој треба да биде решение за спорот помеѓу Грција и Македонија и да воспостави стратешко партнерство меѓу двете држави. Според договорот, Република Македонија го промени своето официјално и уставно име во Република Северна Македонија, ерга омнес, а Грција го призна државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, се согласи да го именува официјалниот јазик на соседната земја како македонски, и се обврза да не го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.[1]
Целосен назив:
| |
---|---|
Потпишување на договорот од министрите Никола Димитров (лево) и Никос Коѕијас (десно), зад нив се премиерите на двете држави | |
Потпишан | 17 јуни 2018 (2018-06-17) |
Место | Нивици, Преспанско, Егејска Македонија |
На сила од | 12 февруари 2019 (2019-02-12) |
Преговарачи | Никола Димитров Никос Коѕијас |
Странки | |
Јазици | англиски јазик |
Целосен текст | |
Преспански договор на Викиизвор |