Свети Климент Охридски
словенски просветител и светец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Климент Охридски (старословенски: Климєнтъ Охрїдьскꙑи, латински: Clemens Achridensis, грчки: Κλήμης της Αχρίδας; о. 840 — 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.[6][7][8][9][10] Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.[11][12]
Свети Климент Охридски | |
---|---|
Икона на Свети Климент Охридски | |
Ученик на Св. Кирил и Методиј | |
Роден(а) | ок. 830–840, Римска Империја[1][2] |
Починал(а) | 27 јули 916(916-07-27), Охрид, Прво Бугарско Царство[3] (денес Македонија) |
Почитуван(а) во | Православна црква, Источни католички цркви Латинско христијанство |
Главно светилиште | Плаошник |
Слава | 27 јули[4] и 25 ноември |
Обележја | глаголица, кирилица |
Заштитништво | Охрид и Македонија[5] |
Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.[13][14] Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.[15] Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.