Прво Бугарско Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првото Бугарско Царство или Дунавска Бугарија (нарекувано уште Прва Бугарска Држава) — ханство, а од крунисувањето на Симеон I Велики за цар, и царство, на Прабугарите и Словените, кое постоело на Балканскиот Полуостров и неговите гранични делови од Југоисточна Европа од 681 до 971 година. Нејзин основач е ханот Аспарух, којшто по распаѓањето на Стара Велика Бугарија доведува дел од прабугарските племиња во денешна Бесарабија и Добруџа, ги потчинува месните словенски племиња и ја принудува Византија да му плаќа данок во 681 година. Во прво време, главниот град е во Онг'ла, понатака се востановува во Плиска, а кон крајот на 9 век во Велики Преслав.
Прво Бугарско Царство
| |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
681–971 | |||||||||||||
Главен град | Плиска (681–893) Преслав (893–968/972) Скопје, Охрид, Битола (до 971) | ||||||||||||
Говорени јазици | Прабугарски, Прасловенски, Средновековен грчки (681–893) Старословенски (893–971) | ||||||||||||
Вероисповед | Тенгризам & Словенски паганство (681–864) Православие (864–971) | ||||||||||||
Уредување | Апсолутна монархија | ||||||||||||
Хан, Цар (Император) | |||||||||||||
• 681–700 | Аспарух (прв) | ||||||||||||
• 971 | Роман (последен) | ||||||||||||
Историски период | среден век | ||||||||||||
• Аспарух | 681 | ||||||||||||
• Христијанизација | 864 | ||||||||||||
• Симеон I | 893 | ||||||||||||
• Распад | 971 | ||||||||||||
Површина | |||||||||||||
9 век | 400.000 km2 (150,000 sq mi) | ||||||||||||
Население | |||||||||||||
• 9 век | 1 000 000 | ||||||||||||
|
Најголемото територијално проширување Првата Бугарска Држава го достигнува во IX век, кога кон првоначалните територии по Долен Дунав се присоединети области во Тракија и Македонија, делови од денешните Албанија, Србија и Романија, а исто така и дел од северното црноморие (до река Днепар). Во текот на истиот период настапува централизација на државното управување, таа е придружена со процес на асимилација и консолидирање на разнородните етнички групи од населението во средновековната бугарска народност, чијшто јазик се развива врз основата на словенскиот.[1] Во текот на 864-866 година, за време на Борис I, христијанството станува државна религија, што води до значителни промени во културниот живот на државата и таканаречениот Златен век на цар Симеон. Кај истиот владетел Бугарите праваат продолжителни, но безуспешни обиди да завладеат со главниот град на Византија Цариград.
Византиско-бугарските војни, заедно со инвазиите на Унгарците (Маѓарите), Печенезите и Русите, водат до ослабување на бугарската држава и паѓање на главниот град Преслав под византиска власт во 971 година.