![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c6/Serbo_croatian_dialects_historical_distribution_2-sr.png/640px-Serbo_croatian_dialects_historical_distribution_2-sr.png&w=640&q=50)
Штокавско наречје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Штокавското наречје зафаќа најголем дел од српско-хрватската јазична територија. Тоа се протега низ цела Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во голем дел од Хрватска, источно и југоисточно од нејзините чакавски и кајкавски наречја. Северозападната и северната граница на штокавското наречје ја сочинуваат линијата од Јадранското Море до реката Драва: Нови Винодол - Огулин - Карловац - Сисак - Бјеловар - Вировитица, каде што ова наречје е во допир со чакавското и кајкавското. Од таа линија штокавското наречје го исполнува целиот простор кон исток меѓу јадранскиот брег (оставајќи му на чакавскиот само тенок појас на делот на брегот од Задар до Омиш и до половината на полуостровот Пељешац, како и до островот Млет и Дубровничкото приморје) и до државните граници со Унгарија, Романија, Бугарија, до границата со македонскиот јазик и државните граници со Албанија. Со ова наречје зборуваат и српските односно хрватските национални малцинства во Унгарија, Романија и Италија. Врз осонва на тоа со кој од гласовите е заменет стариот глас јат, штокавското наречје се дели на екавски изговор, ијекавски изговор и икавски изговор, а во однос на развојот на акцентот и обликот — на постари штокавски дијалекти и помлади штокавски дијалекти (новоштокавски).
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c6/Serbo_croatian_dialects_historical_distribution_2-sr.png/640px-Serbo_croatian_dialects_historical_distribution_2-sr.png)