Српска кирилична азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српската азбука е азбука за пишување на српскиот јазик, и ја наоѓаме во две варијанти: кирилична (т.н. „Вуковица“) и латинична (тн. „Гаица“). Адаптацијата на кирилицата посебно за српскиот јазик била направена во 1818 од српскиот јазичар Вук Караџиќ. Азбуката била официјално признаена за државна дури во 1868. Латиничната азбука пак, е заснована на гаицата.
Караџиќ ја засновал неговата азбука на кирилицата, на едноставниот принцип „Пишуваj како што зборуваш и читај како што е напишано“ (срп. Пиши као што говориш и читај како је написано). Српската латиница е иста со хрватската азбука, во главно дело на Људевит Гај. Двете азбуки се користат наизменично.
Кирилицата е потрадиционална, и ужива официјален статус во Србија и Република Српска (БиХ), иако латиницата зела голем замав низ XX век. Српската латиница почесто се користи во Црна Гора. Српскиот јазик и кирилицата исто така имаат официјален и рамноправен статус во Босна и Херцеговина (на федеративно ниво), во Брчко дистрикт и во Федерацијата Босна и Херцеговина.
Заедно со делата на Крсте Мисирков и Венко Марковски, српската азбука била искористена како основа на македонската азбука .