Светска турнеја на UCI 2018
сезона 2018 на Светската турнеја / From Wikipedia, the free encyclopedia
Светска турнеја на UCI 2018 — десетто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2018.[1]
Десетто издание на Светска турнеја на UCI | |
![]() Лого на Светската турнеја | |
Поединости | |
---|---|
Датуми | 16 јануари – 21 октомври |
Места | Австралија, Европа, Азија и Северна Америка |
Трки | 37 |
Прваци | |
Поединечен пласман | ![]() |
Екипен пласман | Квик-Степ Флорс |
← 2017 2019 → |
Натпреварувањето е предвидено да започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 16 јануари и ќе заврши со Трката околу Гуангси на 21 октомври.[2] Белгиецот Грег ван Авермат бил бранител на титулата.[3]
Ван Авермат не можел да ја одбрани својата титутла, откако не успеал да постигне ниту една поединечна победа - меѓутоа бил дел од три победи во екипен хронометар за Ванти-Груп Гобер – завршувајќи на петтото место во бодовниот пласман. Пласманот по првпат бил освоен од британски возач, Сајмон Јејтс, кој вози за екипата Мичелтон-Скот, освојувајќи 3.072 бода во сезоната.[4] Јејтс бил последен од четворицата возачи кои го преземале водството во пласманот во текот на сезоната; порано во 2018 година бил високопласиран, забележувајќи етапни победи на Париз-Ница[5] и на Волта а Каталуња,[6] пред пробивот на Џиро д’Италија со три етапни победи и тринаесет дена во водство на трката; на крајот, Јејтс опаднал на планините во текот на третата недела и го предал водството и победата на сонародникот Крис Фрум.[7] По уште една етапна победа и второ место на Трката околу Полска,[8] Јејтс ја освоил својата прва голема трка со победата на Вуелта а Еспања,[9] преземајќи го водството на трката по етапна победа на етапата 14,[10] и водството на пласманот кога трката завршила.[4]
На второто место се нашол Словакот, Петер Саган, 80 бода зад него, кој возел за Бора-Хансгрое.[4] Саган го предводел пласманот поголемиот дел од сезоната, забележувајќи шест последователни високи пласмани на пролетните класици, со победи на Гент-Вевелгем,[11] и по првпат, на Париз-Рубе.[12] Саган освоил три етапи на Тур де Франс, откако го освоил по рекорден шести пат бодовниот пласман,[13] но не успеал да освои ниту една етапа на Вуелта а Еспања, каде Јејтс го презел водството. На третото место, со 2.609 бода,[4] бил Алехандро Валверде од Шпанија, кој возел за Мовистар Тим. Валверде бил во водство во пласманот пролетта, победувајќи на Трката Абу Даби,[14] и на Волта а Каталуња,[6] во февруари и март – освојувајќи три етапи на овие трки исто така – пред две етапни победи и победата во бодовниот пласман на Вуелта а Еспања.
Во екипниот пласман, Квик-Степ Флорс преовладал со 13.425,97 бода, држејќи го водството во пласманот скоро три четвртини од сезоната. Екипата освоила 37 победи – од вкупно 73 победи на сите трки во UCI[15] – во рамки на Светската турнеја, вклучувајќи седум победи во генерален пласман освоени од Ники Терпстра (Е3 Харелбеке и Трка околу Фландрија),[16][17] Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен),[18] Жилијан Алафилип (Флеш Валон и Класика де Сан Себастијан),[19][20] Боб Јунгелс (Лиеж-Бастоњ-Лиеж),[21] и Елија Вивијани (Јуроајс Класик).[22] Екипата, исто така, освоила 13 етапни победи на големите трки, со две маички освоени од Вивијани (бодовен пласман на Џиро д’Италија),[23] и од Алафилип, кој го освоил планинскиот пласмна на Тур де Франс.[24] Минатогодишните победници, Тим Скај, завршиле втори со 10.213 бодови, откако екипата освоила две од трите големи трки; Фрум станал седми возач, кој ги освоил трите големи трки со успехот на Џиро д’Италија,[25] додека Герант Томас го освоил Тур де Франс,[26] по успехот на Критериум ди Дофине.[27] Тим Скај освоил уште четири други победи во генерален пласман: Михал Квјатковски ја освоил Тирено-Адријатико,[28] и Трката околу Полска,[8] Еган Бернал ја освоил Трката околу Калифорнија во неговата прва сезона со екипата,[29] додека Џани Москон ја освоил завршната Трка околу Гуангси.[30] Со 9.201 бодови, Бора-Хансгрое завршиле на третото место, главно поради резултатите на Саган и победи на Џеј Мекарти (Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“),[31] и Паскал Акерман на Класик Лондон-Сари.[32] Акерман и Сем Бенет исто така освоил единаесет етапни победи во текот на сезоната, а Бенет освоил три етапи на Џиро д’Италија.[33]