Бодовен пласман на Тур де Франс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бодовен пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој започнал да се доделува во 1953 година. Бодовите се добиваат за високите пласмани на етапа или за победа на некој од средните спринтови и тие се бројат за бодовниот пласман. Се смета за спринтерски пласман. На предводникот во пласманот му се доделува зелена маичка, која станала симбол за бодовниот пласман, така што кога велосипедистот ќе го освои бодовниот пласман, се вели дека „ја освоил зелената маичка“.[1]
Кратки факти Детали за наградата, Спорт ...
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Тур де Франс |
Доделена за | најдобар спринтер |
Локално име | Maillot vert (француски) |
Историја | |
Прва награда | 1953 |
Изданија | 66 (до 2019) |
Прв победник | Фриц Шер (ШВА) |
Најмногу победи | Петер Саган (СВК)
|
Најнов победник | Петер Саган (СВК) |
Затвори
Системот ги поттикнал и другите велосипедски трки; останатите две големи трки исто така имаат бодовен пласман: Вуелта а Еспања од 1955 година, која исто така ја користи зелената маичка, и Џиро д’Италија од 1966 година.