Општина Градско
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Градско — општина којашто се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. Главна населба на неговата општина е истоименото село.
Општина Градско | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Градско | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Киро Нацков | ||
Површина | |||
• Вкупна | 236,19 км2 (91,19 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.233 | ||
• Густина | 14/км2 (35/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +043 | ||
Регистарски таблички | VE | ||
Мреж. место | gradsko.gov.mk |
Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за Република Македонија, туку и за поширокиот балкански регион. Тоа произлегува од неговата географска поставеност, која главно е рамничарскиот дел на средиштето на Македонија, распослано на двете страни на средното Повардарие. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли, кои создаваат врска на северниот со јужниот дел на Балканот.
Нејзината територија зафаќа површина 290 км2, на која егзистираат повеќе населени места. Населението на оваа Општина, карактеристично по етничката структура главно го сочинуваат мнозинство Македонци, а застапени се и Бошњаци, Албанци, Роми, Турци и Срби, кои претежно егзистираат од земјоделство.
Според новата поделеност на Републиката и локалната самоуправа, општината Градско започнува со сериозна ревитализација на овој регион, за да се сопрат миграционите процеси и целосно да се подобрат условите за живеење и издршка.
Територијата на Општина Градско се наоѓа во средното Повардарие, односно од двете страни на реката Вардар пред влезот во Тиквешката Котлина во средишниот дел на Македонија. Целата територија на Општина Градско е сместена во долината на Вардар, а токму во Општина Градско во реката Вардар се влеваат двете нејзини најголеми притоки, Брегалница од левата и Црна Река од десната страна. Ова укажува на поволната хидрографска состојба во Општината што е пак главна причина и услов за одличните услови и развој на градинарството. Во западниот дел на Општина Градско се протега планината Клепа, на која се развиени идеални услови за сточарство, односно најповеќе овчарство.
Името на населбата Градско го има добиено од село Градско кое се наоѓа на оддалеченост од 2 км источно од новата населба, сместена на самата железничка пруга Солун – Градско. А пак самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби оддалечна 3 км источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија градот Стоби бил разрушен и опостушен. Поради тоа околното население го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејќи со време придавката Пуст одпаднала останало името Град кое подоцна се нарекло Градско.
Железничката пруга Солун – Скопје е изградена во периодот 1871 – 1873 година, време на владеењето на Османлиското Царство со Македонија. Железничката пруга Солун - Скопје, по долината на реката Вардар минува покрај бројни населени места, села и градови кои постоеле, но единствено нова е населбата Градско. Населбата е подигната за време на градењето на жележничката пруга и жележничката станица градско и тоа како целосна нова населба. Затоа населбата, која е основана и изградена околу самата жележничка станица Градско, може да се рече дека е и нејзино чедо.
На територијата на општината имало две, сега непостоечки, села: Мушанци и Хаџи Јусуфли.
Основата на економската активност во Општина Градско е земјоделството. На површина од околу 7.000 хектари обработливо земјиште, главно се одгледуваат градинарски производи и житни култури, а постојат и добри услови за развој на полјоделство и лозарство. Мал дел од населението се занимава со сточарство, со оглед на фактот што пасиштата во овој регион се најсушни во однос на другите во Повардарието и воопшто во Република Македонија, меѓутоа голем број на стада овци од Западна Македонија доаѓаат на презимување во бачилата во Општина Градско. Во 1947 год. Населбата Градско, и во дел од околните села Уланци, Росоман и Градско е воведена електрична струја. Во населбата Градско се појавиле првите никулци на индустријата. Во 1960 год. е изградена фабриката за битуменски маси и лепенки Изоломонт, чија вредност на производи во 1980 год. изнесувала 60 милиони денари. Во 1964 година изграден е уште еден индустриски капацитет Фабрика за производство на сточна храна со капцитет на 20.000 тони концентрат.
Во Опстината трговијата почнала да функционира со изградбата на железничката пруга и станица. Со тоа доаѓале трговци од Неготино, Велес, Скопје, Штип и др.
Фирмите се занимавале со трговија на мешовита стока и вршење откуп на земјоделски производи а посебно житарици кои ги извезувале и надвор од Македонија. Трговски дуќани за продажба имало во Долно Чичево, Подлес, Виничани и Градско. Денес имаме современи продавници за мешовита стока и текстилна облека. Првите угостителски објекти се изградени во време на подигнувањето на железничката пруга. По завршувањето на Првата светска војна 1918 год. се изградени хотел и угостителски дуќани кои во тоа време работеле успешно. Никнале и слаткари, фурнаџии и други угостителски објекти. Во поново време Градско како општина и како транзитен центар има околу десеттина ресторани кафетерии и др. Угостителски објекти од кои како по успешен можеме да го издвоиме ресторан Екслкузив.
Според пописот од 2002 година, Општина Градско брои 3760 жители, од кои:[2]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 2.801 |
муслимани | 815 |
католици | 1 |
протестанти | 0 |
останати | 143 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 3.062 |
албански | 120 |
турски | 38 |
ромски | 37 |
влашки | 0 |
српски | 25 |
бошњачки | 223 |
останати | 255 |
Градоначалник на општина Градско е Роберт Бешовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Градско е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.