Свеќани
село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
Свеќани — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]
Свеќани | |
Координати 41°35′52″N 21°51′11″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1420 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29065 |
Надм. вис. | 432 м |
Свеќани на општинската карта Атарот на Свеќани во рамките на општината | |
Свеќани на Ризницата |
Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.
Во XIX век Свеќани било мало, чисто македонско село во нахијата Азот од Велешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свјеќани (Sviékyani) имало 15 домаќинства со 66 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свеќани имало 100 жители, сите Македонци христијани.[3][5]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Свеќане (Svekiané) имало 184 Македонци, сите под егзархијата.[3][6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Свечани (Svečani) како македонско христијанско село.[3][7]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Населението на Свеќани почнало нагло да опаѓа во 1950-тите поради поради аграрната реформа и индустријализацијата на Титов Велес. Во 1961 г. спаднало на 5 домородни жители и 11 новодоселени Албанци.[9] Селото е целосно напуштено во 1960-тите. Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | 184 | 136 | 68 | 16 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Свеќани било македонско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.