село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
Водоврати — село во Општина Градско, во околината на градот Неготино.
Водоврати се наоѓа во областа Клепа, оддалечено 24 километри северно од Кавадарци, 25 километри северозападно од Неготино, 27 километри јужно од Велес и 6 километри западно од општинскиот центар Градско.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[2]
На пописот од 2002 година, селото имало 379 жители.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 361 жител, од кои 63 Македонци, 9 Албанци, 24 Турци, 101 Ром, 131 Бошњак, 10 останати и 23 лица без податоци.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | ... | — | — | 554 |
1953 | 5 | — | 635 | 6 | — | 5 | ... | 1 | — | 652 |
1961 | 1 | 11 | 298 | ... | ... | 5 | ... | 31 | — | 346 |
1971 | 89 | 20 | 109 | 6 | ... | 3 | ... | 187 | — | 414 |
1981 | 87 | 39 | 13 | 6 | — | — | ... | 254 | — | 399 |
1991 | 84 | 10 | 17 | 34 | — | 3 | ... | 226 | — | 374 |
1994 | 57 | 10 | 16 | 48 | — | 3 | ... | 185 | — | 319 |
2002 | 60 | 13 | 16 | 79 | — | 4 | 192 | 15 | — | 379 |
2021 | 63 | 9 | 24 | 101 | — | — | 131 | 10 | 23 | 361 |
Жителите кои се попишани како останати, всушност се Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 немало можност за самоопределување на бошњачки народ.
Ова село било во минатото целосно муслиманско, а и сега преовладуваат муслимански родови во селото.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 2224 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.