Хемиска индустрија Велес
поранешна фабрика крај Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
поранешна фабрика крај Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“ (скратено и само како „ХИВ“) — фабрика за производство на вештачки ѓубрива во близина на селото Згрополци, во средишниот дел на Македонија, во непосредна близина на реката Вардар. Фабриката е оддалечена околу 12 километри југоисточно од градот Велес, односно околу 15 километри од Топилницата за олово и цинк „МХК Злетово“.[1]
Вид | државно претпријатие |
---|---|
Дејност | хемиска |
Основано | 1979 година |
Седиште | село Згрополци, , |
Производи | фосфорна киселина, моноамониум фосфат и ѓубрива |
Белешки / наводи Затворена во 2003 г. |
Бројот на вработени во фабриката изнесувал околу 400 лица.[1]
Постројката за фосфорна киселина во рамките на „Хемиската индустрија Велес“ за првпат била отворена во 1979 година. Следната година во февруари започнало производство на моноамониум фосфат (МАР), а капацитетот за производство на ѓубрива бил отворен во мај 1980 година.[1]
Фабриката престанала со работа во јуни 2003 година. Оттогаш, најголем дел од опремата и објектите во целата фабрика се руинирани, украдени и уништени.
Првенствено била изградена за да ја троши сулфурната киселина што се добивала во металургискиот комплекс на комбинатот Топилница за олово и цинк „МХК Злетово“ крај Велес.
Главното производство на фабриката биле:
Капацитетот за производство на фосфорна киселина бил проектиран на 50.000 тони по дихидратна постапка, а максималниот остварен капацитет изнесувал 33.000 тони годишно.[1]
Во склоп на фабриката се наоѓаат: управна зграда, погон за производство на фосфорна киселина, погон за производство на ѓубрива, погон за пакување на ѓубрива, складишта за суровини, полупроизвод и готов производ, резервоари за хемикалии, складишта за помошни материјали, резервоари за течни горива, котлара, пречистителна станица, лабораторија, санитарни објекти и кујна.[1]
Во рамките на фабриката се наоѓа и посебна трафостаница, сместена во близина на главниот влез.[1]
Фабриката за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“ била во сопственост на претпријатието „МХК Злетово“.[1] Претпријатието „МХК Злетово“ кое ги поседувало Топилницата за олово и цинк и Фабриката за вештачки ѓубрива била во државна сопственост. Во 2003 година, претпријатието влегло во стечај. Двата дела на претпријатието „МХК Злетово“ биле продадени за 2 милиони и 250 илјади евра кон крајот на 2008 година на претпријатието „Метрудхем“ од Скопје.[2]
Биле дадени најави за отпочнување на производство и рестартирање на фабриките, но сепак и двата дела на комбинатот Злетово не отпочнале со работа, по силниот отпор од граѓаните на Велес.[2]
Фабриката претставува еколошка бомба во околината, поради несредените кисели отпадни води и депонијата за гипс, која се користела од почетокот на работењето на фабриката во 1979 година до нејзиното затворање во 2003 година. На депонијата за гипс се наоѓаат 3,7 милиони тони гипс и се простира на 70.000 м².[1] Депонијата за гипс е сместена на околу 1,5 километри југозападно од фабричкиот комплекс, во мала долина меѓу ридови.
Депонијата за гипс била полнета преку цевковод, при што се пренесувале цврстите отпадни материи во облик на фосфорногипсена суспензија. Покрај самата депонија, фабриката преку испуштање на отпадните води, целосно ја загадувала и реката Вардар.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.