Утрински весник

From Wikipedia, the free encyclopedia

Утрински весник

Утрински весник — поранешен македонски дневен весник кој излегувал секој ден освен недела. Првиот број на весникот излегол на 23 јуни 1999 година а негови основачи биле Ерол Ризаов, Бранко Тричковски, Манчо Митевски, Васил Мицковски и Љупчо Поповски. Весникот бил печатен во Скопје, во печатницата „Графички центар“, а бил издаван од страна на ДООЕЛ „Круг“ од Скопје.[1] По основањето во 1999 година, првата поголема реконструкција на весникот е неговата продажба на германската групација ВАЦ и менување на изгледот, технологијата и начинот на издавање на весникот. Новиот дизајн на весникот бил изработен од германскиот дизајнер Даниел Браун.[2] Првичниот слоган на весникот бил „Денот по Утрински се познава“.[3] Последниот број на весникот излегол на 29 април 2017.[4]

Кратки факти Тип, Формат ...
Утрински весник
Thumb
првата насловна страница.
Типдневен весник
ФорматБ2
СопственикМедија Принт Македонија
УредникСоња Маџовска
Основан23 јуни 1999
Политичка определбалево
Јазикмакедонски
Престанал2017
СедиштеДимитрие Чупоски бр. 11/5 Скопје
Тираж10.200 (август 2015)
Страницаwww.utrinski.com.mk
Затвори

Уредништво

Главна редакција[1]
  • Љупчо Поповски - главен и одговорен уредник
  • Мирче Јовановски - помошник-главен уредник
  • Манчо Митевски - уредник коментатор
  • Ерол Ризаов - уредник коментатор
Менаџмент[1]
  • Срѓан Керим - генерален директор
  • Горан Гаврилов - генерален директор
Уредници[1]
  • Гордана Дувњак - вести од политики
  • Нина Нинеска-Фиданоска - вести од економија
  • Катица Чангова - вести од Македонија
  • Димитар Чулев - вести од светот
  • Соња Крамарска - истражувачки дел
  • Тина Иванова - вести од културата
  • Билјана Ангеловска - вести од Скопје
  • Фарко Шакири - вести од спортот
  • Даниела Трпчевска - хроника
  • Катерина Шекеровска - забавен дел
  • Јасмина Павловска - стил
  • Валентина Тодоровска - прилози
  • Борис Блажевски - графика
  • Петар Стојановски - фотографија
  • Софија Чолаковска - Поповска - лекторирање
  • Дарко Цветаноски - итернет издание на Утрински Весник

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.