From Wikipedia, the free encyclopedia
Обединетите нации одобриле 71 мировна операција заклучно со април 2018 година. Овие не вклучуваат интервенции овластени од ООН како Корејската војна и Заливската војна. Во 90-тите години на минатиот век се случиле најмногу мировни операции на ООН досега. Мировните операции ги надгледувал Одделот за мировни операции и имаат некои заеднички одлики, имено вклучување на воена или полициска компонента, честопати со овластување за употреба на сила според Поглавје VII од Повелбата на Обединетите нации. Мировните операции се разликуваат од специјалните политички мисии (SPM), кои ги надгледува Одделот за политички работи (DPA). Специјалните политички мисии не се вклучени во табелите подолу.
Почеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 година | Во тек | Организација за надзор на примирјето на Обединетите нации | UNTSO | Израел; | Да се следи прекинот на огнот во арапско-израелскиот конфликт. | Овластен во јуни 1948 година по Првата арапско-израелска војна. Првата мировна мисија на ООН. |
1949 година | Во тек | Група на воени набудувачи во Индија и Пакистан на Обединетите нации | UNMOGIP | Индија | Да се следи прекинот на огнот помеѓу Индија - Пакистан во конфликтот во Кашмир. | Овластен по Првата индо-пакистанска војна. |
Почеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1956 година | 1967 година | Први Итни сили на Обединети нации | UNEF-I | Египет | Да се надгледува повлекувањето на египетските и израелските трупи од Суецската криза. | Први вооружени мировници. Завршила во јуни 1967 година за време на Шестдневната војна. |
1958 година | 1958 година | Група за набљудување во Либан на Обединети Нации | UNMOGIP | Либан | Да се спречи војската и оружјето да влезат во Либан за време на кризата. | Завршила во декември 1958 година. |
Почеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1960 година | 1964 година | Операција во Конго на Обединетите нации | ONUC | Република Конго — Конго | Спречување на странска интервенција и зачувување на територијата на Конго за време на кризата во Конго. | Завршила во јуни 1964 година. |
1962 година | 1963 година | Безбедносни сили во Западна Нова Гвинеја/Западен Иријан на Обединетите нации | UNSF | Холандија —
Хол. Нова Гвинеја |
Да се следи прекинот на огнот за време на транзицијата на Западен Иријан од холандска во индонезиска власт. | Завршила во април 1963 година. |
1963 година | 1964 година | Набљудувачка мисија во Јемен на Обединетите нации | UNYOM | Јемен, т.е. Северен Јемен |
Надгледување на заминувањето трупите на Саудиска Арабија и Египет од граѓанската војна во Северен Јемен. | Завршила во септември 1964 година. |
1964 година | Во тек | Мировни сили во Кипар на Обединетите нации | UNFICYP | Кипар | Спречување на конфликтот помеѓу кипарските Грци и Турци. | |
1965 година | 1966 година | Мисија во Доминиканската Република на претставникот на генералниот секретар | DOMREP | Доминиканска Република | Следење на ситуацијата предизвикана од опозицијата во Доминиканската Република. | Завршила во октомври 1966 година. |
1965 година | 1966 година | Набљудувачка мисија во Индија-Пакистан на Обединетите нации | UNIPOM | Индија, | Надгледување на прекинот на огнот во Индија-Пакистан надвор од Кашмир по втората индо-пакистанска војна. | Завршила во март 1966 година. |
Почеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1973 година | 1979 година | Втори Итни сили на Обединетите нации | UNEF-II | Египет | Надгледување на повлекувањето на силите од Синајскиот полуостров по Јомкипурската војна помеѓу Египет, Сирија и Израел. | Завршила јули 1979 година. |
1974 година | Во тек | Набљудувачки сили за разоружување на Обединетите нации | UNDOF | Голанска Висорамнина, оспорена помеѓу: |
Одржување примирје меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина. | |
1978 година | Во тек | Привремени сили во Либан на Обединетите нации | UNIFIL | Либан | Надгледување на повлекувањето на Израел од Либан. Чување на меѓународниот мир и безбедност и помош кон либанската влада да го врати својот делотворен авторитет во областа. |
Почеток | Крај | Име | Акроним | Територија | Цел | Коментар |
---|---|---|---|---|---|---|
1988 година | 1990 година | Мисија за несебична помош во Авганистан и Пакистан на Обединетите нации | UNGOMAP | Д. Р. Авганистан, т.е. Авганистан; Пакистан |
Оневозможување на Авганистан и Пакистан од меѓусебно кочење. | Завршила во март 1990 година. |
1988 година | 1991 година | Група на воени набудувачи во Иран-Ирак на Обединетите нации | UNIIMOG | Ирак, т.е. Баатистички Ирак; Иран |
Да биде под надзор на примирјето по војната во Иран и Ирак. | Завршила во февруари 1991 година. |
1989 година | 1991 година | Прва Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации | UNAVEM-I | Ангола | Надгледување на повлекувањето на кубанските трупи од граѓанската војна во Ангола. | Завршила во јуни 1991 година. |
1989 година | 1990 година | Група за асистирана транзиција на Обединетите нации | UNTAG | Југозападна Африка Намибија (1990-) |
Надгледување на изборите во Намибија и преминот кон независност од Јужна Африка. | Завршила во март 1990 година. |
1989 година | 1992 година | Група на набљудувачи во Средна Америка на Обединетите нации | ONUCA | Никарагва | Набљудување на прекинот на огнот во граѓанската војна во Никарагва. | Завршила во јануари 1992 година. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.