![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9a/Flag_of_Bulgaria.svg/langmk-640px-Flag_of_Bulgaria.svg.png&w=640&q=50)
Царство Бугарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Царство Бугарија (бугарски: Царство България) било царство во Југоисточна Европа од 1908 до 1947. Престолнината на царството била во Софија.
Царство България Царство Бугарија
| |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1908–1946 | |||||||||||||
Химна: Шуми Марица Царска химна Химна на негово Величество Царот | |||||||||||||
![]() Бугарија во 1914 година, после Балканските војни и пред Првата светска војна. | |||||||||||||
Главен град | Софија | ||||||||||||
Говорени јазици | Бугарски | ||||||||||||
Вероисповед | православие | ||||||||||||
Уредување | Уставна монархија | ||||||||||||
Цар | |||||||||||||
• 1908-1918 | Фердинанд I | ||||||||||||
• 1918-1943 | Борис III | ||||||||||||
• 1943-1946 | Симеон ІІ | ||||||||||||
Совет на министри | |||||||||||||
• 1908-1911 (прв) | Александар Малинов | ||||||||||||
• 1944-1946 (последен) | Кимон Георгиев | ||||||||||||
Историски период | Прва светска војна/Период меѓу двете светски војни/Втора светска војна | ||||||||||||
• Официјално[1] прогласување на независност | 5 октомври 1908 | ||||||||||||
• Балкански војни | 1912-1913 | ||||||||||||
• Букурешки договор | 10 август 1913 | ||||||||||||
27 ноември 1919 | |||||||||||||
• Укинување на монархијата | 15 септември 1946 | ||||||||||||
Валута | Бугарски лев | ||||||||||||
|
После ослободувањето во 1878 според Берлинскиот конгрес Бугарија станала "автономно трибутарно кнежевство". Во Трновскиот устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманското Царство, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Истовремено по дипломатски и политички пат многу бугарски влади морале да ги негираат одредбите од Берлинскиот конгрес во однос на вазалноста кон Истанбул.
На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија и со поддршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд прочитал манифест во старата престолнина Велико Трново. Променет бил и Трновскиот устав, со којшто титулата на Фердинанд била променета од "кнез" на "цар" и соодветно официјалното именување на државата - од "Кнежевство Бугарија" во "Царство Бугарија".
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bb/Map_of_Bulgaria_during_WWII-mk.svg/640px-Map_of_Bulgaria_during_WWII-mk.svg.png)
После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт на 9 септември 1944 година се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на којшто бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија.