From Wikipedia, the free encyclopedia
Кнежевство Бугарија била де факто независна вазална држава на Османлиското Царство формирана со Берлинскиот конгрес од 1878 година.
Кнежевство Бугарија | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1878–1908 | |||||||||
Химна: "Шуми Марица" Шуми Марица (бугарски) | |||||||||
Статус | Вазална држава на Османлиското Царство | ||||||||
Главен град | Трновград (1878–1879) Софија (1879–1908) | ||||||||
Говорени јазици | Бугарски | ||||||||
Вероисповед | Бугарска православна | ||||||||
Уредување | Кнежевство | ||||||||
Кнез | |||||||||
• 1879–1886 | Александар I | ||||||||
• 1887–1908 | Фердинанд I | ||||||||
Регент | |||||||||
• 1886–1887 | Стефан Стамболов | ||||||||
• 1886–1887 | Сава Муткуров | ||||||||
• 1886–1887 | Петко Каравелов | ||||||||
Претседател на Советот на министри | |||||||||
• 1879 | Тодор Бурмов (прв) | ||||||||
• 1908 | Александар Малинов (последен) | ||||||||
Legislature | Народно собрание | ||||||||
Историја | |||||||||
3 март 1878 | |||||||||
• Берлински конгрес | 13 јули 1878 | ||||||||
• | 1878 | ||||||||
• Усвојување на Уставот | 28 април 1879 | ||||||||
• Обединување на Бугарија | 6 септември 1885 | ||||||||
• Прогласување на независност | 5 октомври 1908 | ||||||||
Површина | |||||||||
1880 | 63.752 km2 (24,615 sq mi) | ||||||||
1908 | 95.223 km2 (36,766 sq mi) | ||||||||
Население | |||||||||
• 1880 | 2.007.919 | ||||||||
• 1908 | 4.215.000 | ||||||||
Валута | Бугарски лев | ||||||||
|
После Руско-турската војна, во која победила Русија, бил потпишан Санстефанскиот договор, кој предвидувал формирање на голема бугарска држава во чиј состав би влегол и поголемиот дел од Македонија. Сепак, Велика Британија и Австроунгарија биле против воспоставување на таква држава која ќе биде продолжена рака на Русија на Балканот. Поради тоа, големите сили во Берлин во 1878 година го потпишале договорот кој бил замена за Санстефанскиот договор (кој никогаш не стапил во сила). Со Берлинскиот конгрес се создало многу помалото Кнежевство Бугарија, а на Источна Румелија и се дала автономија во рамките на Османлиското Царство.
Во 1885 година, Кнежевството Бугарија се обединило со Источна Румелија. На обединувањето на Бугарија и прекршувањето на одлуките од Берлинскиот конгрес се спротивставила Србија, па истата година (1885) започнала Српско-бугарската војна. Во војната победила Бугарија, со што било признато нејзиното обединување. На 5 октомври 1908, тогашниот бугарски кнез Фердинанд I прогласил независност, а тој се прогласил за цар на новоформираното Царство Бугарија.
Договорот од Сан Стефано од 3 март 1878 година, предложи нова држава во Бугарија, која ги сочинуваше географските области Мизија, Тракија и Македонија. Врз основа на тој датум го слават националниот ден на Бугарија секоја година.
Стравувајќи од формирањето на голема руска клиентска држава на Балканот, другите големи сили, сепак, не беа подготвени да се согласат со договорот. Како резултат на тоа, Берлинскиот конгрес (1878), под надзор на Ото фон Бизмарк од Германија и Бенџамин Дизраели од Обединетото Кралство, го ревидирал претходниот договор и ја намалил предложената држава.
Портрет | Име | Роден на | Починал на | Кнез од | Кнез до | Забелешки |
---|---|---|---|---|---|---|
Александар I | 5 април 1857 | 23 октомври 1893 | 29 април 1879 | 7 септември 1886 | Абдицирал | |
Фердинанд I | 26 февруари 1861 | 10 септември 1948 | 29 април 1887 | 5 октомври 1908 | Станал цар на Бугарија во 1908 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.