Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Источна Румелија била автономна област со центар во Пловдив, создадена со Берлинскиот конгрес во 1878 година. Најголемиот дел од жителите на Источна Румелиjа биле Бугари, поради што на двапати тие се обиделе да се соединат со Кнежевството Бугариjа - во 1881 г. и во 1885 г.
Источна Румелија Източна Румелия Iztočna Rumelija روم الى شرقى Rumeli-i Şarkî | |||||
Автономна провинција на Османлиското Царство | |||||
| |||||
Источна Румелија во 1890.
| |||||
Главен град | Пловдив | ||||
Управа | Автономна провинција | ||||
Генерален гувернер | |||||
- | 1879–1884 | Александар Богориди | |||
- | 1884–1885 | Гаврил Крстевич | |||
- | 1886 | Александар Јозеф | |||
- | 1887–1908 | Фердинанд Максимилијан | |||
Историја | |||||
- | Берлински конгрес | 13 јули 1878 | |||
- | Соединување со Бугарија | 6 септември 1885 | |||
Население | |||||
- | попис од 1884 | 975,030 жит. | |||
Денес во | Бугарија |
Според Берлинскиот конгрес териториите меѓу Стара Планина и Родопите без Софискиот санџак требало да формираат посебна област наречена Источна Румелија која била оставена под директната власт на султанот под услови на административна автономија. На чело на областа бил назначен христијански управител од Високата порта во согласност на Големите сили за период од 5 години. Султанот имал право да ги брани границите на областа, дагради тврдини и слично. За одржување на внатрешниот ред била основана локална полиција со офицери, назначувани од султанот.
Со септемврискиот револт во Пловдив во 1885 година и со манифестот на бугарскиот кнез Александар I Батенберг според кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, било извршено обединување на Источна Румелија со Кнежевство Бугарија. Ова обединување на Источна Румелија со кнежевството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава.
Соединувањето посебно ја вознемирило српската влада и кралот Милан, кој изјавил дека ова нарушување на политичка рамнотежа на Балканот, посебно е на штета на Србија и дека Србија со сите сили треба да застане во одбрана на таа рамнотежа. Исто така, грчката влада побарала во замена за проширувањето на Бугарија, како компезација да биде отстапен дел од Македонија, над кој Грција претендирала. Во Грција била извршена мобилизација и грчката влада се заканувала дека ако западните сили и Русија го признаат обединувањето, Грција ќе навлезе со војска во Македонија на територијата на Отоманското Царство, бидејќи немала заедничка граница со Бугарија за од неа да побара компезација. Романија од своја страна планирала да ја искористи оваа сложена ситуација за Бугарија, за да се присвои Јужна Добруџа. Меѓутоа, романските планови не наишле на одобрување од страна на Австроунгарија и Германија, а Русија пак од своја страна натрупувала војска на границата со Романија во случај на заострување на кризата. Поради сето тоа Романија изјавила дека ќе остане неутрална во однос на обединувањето на Источна Румелија со кнежевството.
Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на 24 октомври 1885 година свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австроунгарија. Во Српско-бугарската војна, Бугарија излегла како победник.
Бр. | Портрет | Име (роден–починал) |
Мандат | |
---|---|---|---|---|
1 | Кнез Александар Богориди (1822–1910) | 18 мај 1879 | 26 април 1884 | |
2 | Гаврил Крстевич (1813–1898) | 26 април 1884 | 18 септември 1885 | |
3 | Кнез Александар Батенберг (1857–1893) | 17 април 1886 | 7 септември 1886 | |
4 | Кнез Фердинанд (1861–1948) | 7 јули 1887 | 5 октомври 1908 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.