15 септември — 258-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (259-и во престапна година). Остануваат 107 денови до крајот на годината.

<< септември >>
Н П В С Ч П С
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

Настани:

1786  Италијанскиот лекар и природонаучник Лујџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена — галванска.
1812  Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва.
1821  Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност.
1822  Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата.
1830  Отворањето на железничката линија ЛиверпулМанчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон.
1835  Бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос.
1916  Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во Битката на Сома во Франција.
1993  Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
1995  Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје.
2002  Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски.

Родени:

1254  Марко Поло — венецијански морепловец.
1878  Јон Драгумис — грчки дипломат и пропагандист.
1890  Агата Кристи — британска писателка.
1894  Жан Реноар — француски филмски режисер.
1908  Мишко Крањец — словенечки писател.
1913  Ристо Кордалов — македонски револуционер.
1919  Николај Хајтов — бугарски писател.
1925  Кирил Лавров — советски и руски филмски глумец.
1928  Кенонбол Адерли — американски џез-музичар.
1937  Роберт Лукас — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1995 година.
1941  Јуриј Норштејн — руски аниматор.
1941  Флоријан Алберт — унгарски фудбалер.
1941  Виктор Зубков — руски премиер.
1942  Бисера Велетанлиќ — југословенска џез-пејачка.
1945  Џеси Норман — американска оперска пејачка.
1946  Томи Ли Џонс — американски глумец.
1946  Оливер Стоун — американски режисер.
1951  Јохан Нескенс — холандски фудбалер.
1957  Слободан Качар — српски и југословенски боксер.
1959  Драги Митревски — македонски археолог.
1961  Соња Савиќ — српска и југословенска глумица.
1966  Дејан Савичевиќ — црногорски и југословенски фудбалер.
1977  Том Харди — англиски глумец.
1978  Марко Пантелиќ — српски фудбалер.
1978  Ненад Трповски — македонски кајакар.
1985  Мирко Алиловиќ — хрватски ракометар.
1995  Давид Раја — шпански фудбалски голман.
2004  Давид Поповичи — романски пливач.

Починале:

668  Констанс II Ираклијцар на Византија.
885  Адријан IIIримски папа.
1852  Артур Велсли ВелингтонВојвода од Велингтон и војсководец од Наполеоновите војни.
1896  Димитар Матов — македонски фолклорист.
1936  Александрос Зајмис — премиер на Грција.
1938  Томас Вулфамерикански писател.
1945  Антон Веберн - австриски композитор и диригент.
1980  Бил Еванс — американски џез-пијанист и композитор.
1985  Кути Вилијамс — американски блуз и џез-музичар.
1995  Гунар Нордал — шведски фудбалер.
2008  Ричард Рајт — англиски рок-музичар, член на групата Пинк флојд.
2019  Рик Окасекамерикански рок-музичар.
2022  Радко Полич — словенечки глумец.

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.