Холестерол
хемиско соединение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Холестеролот е липид што се наоѓа во мембраните на клетките на сите ткива и е потребен за нормално функционирање на организмот. Тој спаѓа во групата на стероли, бидејќи во неговиот состав има комбинација на стероиди и алкохол. Мали количини на холестеролот се наоѓаат и во клеточните мембрани на растенијата и габите.
Назив според МСЧПХ (3β)-холест-5-ен-3-ол | |
Други називи (10R,13R)-10,13-dimethyl-17-(6-methylheptan-2-yl)-2,3,4,7,8,9,11,12,14,15,16,17-dodecahydro-1H-cyclopenta[a]phenanthren-3-ol | |
Назнаки | |
---|---|
57-88-5 Н | |
ChemSpider | 5775 |
InChI
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 5997 |
| |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | бел кристлан прав[1] |
Густина | 1.052 g/cm3 |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
0,095 mg/L (30 °C) | |
Растворливост | растворлив во ацетон, бензен, хлороформ, етанол, етер, хексан, метанол |
Дополнителни податоци | |
Ок(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел на холестеролот се наоѓа во крвта. Ако тој холестерол се акумулира на ѕидовите на крвните садови, може да запре или да се намали протокот на крв. Последиците за здравјето може да бидат големи, и во такви случаи количината на холестерол во крвта се регулира со помош на медицински препарати.
Според податоците на Светската здравствена организација, 54% од жителите на Европа, и тоа подеднакво мажите и жените, имаат зголемен лош холестерол. Притоа, само во петте најголеми европски економии, над 130 милиони луѓе имаат проблем со лошиот холестерол.[2]