Клетка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клетка (латински: cellula) — основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).
Кратки факти Клетка, Назнаки ...
Клетка | |
---|---|
Еукариотска клетка (лево) и прокариотска клетка (десно) | |
Назнаки | |
TH | H1.00.01.0.00001 |
FMA | FMA:686465 |
Затвори